каков (зам.) - корист (имн.)

Овие припадници на богатата класа уживаат во комодитетот на своите удопства, привилегии и имунитети – кои им ги носи професијата, земајќи редовна плата од над 1.200 ЕУР месечно, додека мнозинството македонски работници само може да сонува плата и од 120 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете затоа, алчните судии, но и адвокатите – коишто, според зборовите на Махатма Ганди, се нивните „први братучеди“ и кои „попрво би ја продлабочиле кавгата, отколку што би ја решиле“, воопшто не ни гледаат работите да ги направат поразлични од она што сè.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И, како што подвлекува проф. Ван Кенегем (R. C. van Caenegem), од Универ- зитетот во Гент: „[О, по ѓаволите, па] каква корист имаме ние од судиите, ако тие можат да бидат принудени да се сложат со неправичните барања на власта?“
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По заминувањето за Југославија тој добил инструкции да испита каква корист ќе може да се извлече за кралот и стариот општествен поредок во прговорите со НКОЈ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Хм, си пристори, не знаејќи од каква корист може да му биде тој заклучок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Без сомнение среќниот исход се должи пред сѐ на директивите пратени од Цариград, каде што се разбрало каква корист ќе има Турција ако не си натовари ѕверства што би можеле во очите на европското јавно мислење да изгледаат како противтежа на ужасот предизвикан од атентатите“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
АНТИЦА: Јас знам дека ме сака, но каква корист од тоа кога го слуша брата см?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Имаш фина девојка – го крена погледот Грофот. – Но каква корист од тоа? – додаде многу невкусно и ме погледна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Има такви луѓе: ќе ти надробат поединости за чии последици и не помислуваат а дури потоа ќе те погледнат в очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога виде татко ми каква корист имавме, тој ненадејно ги зголеми и така за неколку години имавме околу петсто молзници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)