каков (зам.) - положба (имн.)

Еднаш неделно ветеринарот Скрез ги собираше луѓето на средсело и им покажуваше нагледно со бикот како треба да се врзуваат кравите и каква положба треба да имаат за да можат што подобро да се спарат со бикот и што подобро да се оплодат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ПИСАТЕЛОТ: А во врска со каква положба, милостива?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сакал или не, со конечност увидувајќи во каква положба се наоѓа, не можеше а да не го согледа единствениот можен излез: претстојната, неизбежна, несакана, но и спасоносна посета од невидливиот последен гостин кој, каде и да е, со оглед на неговите години и пораките што ги добива преку телесните тегоби, ќе дојде без да заѕвони, без да тропне на врата, без да направи шум што ќе го насети неговиот грифон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ТРОШЧЕЈКИН: Да, се чини дека луѓето почнуваат да сфаќаат во каква положба се наоѓаме ние.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)