каков (зам.) - причина (имн.)

Изгревот на сонцето го дочекав, со некаков внатрешен набој, ни самата не знаејќи од каква причина, го носев длабоко во себе, иако знаев дека тоа не ми е својствено.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас се чудам. - Не се чуди, - ми вели тој. – Ако ние ги закопаме сабјите, каква причина ќе имаш ти да основаш Форум за човечки права и толку да пишуваат за тебе весниците по светот!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На едно место, во една своја тетратка, по едно пијанство, од не знам какви причини, сум запишал: Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Писмото не носеше никаков датум ниту се споменуваше местото во кое е напишано. еве ја неговата соджина: Жорес, почитуван пријателе, Не знам каква причина имав да се сетам на тебе во наквечеринава кога низ отворениот прозорецот достаса до мене мирис на диви треви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прашуваше, не за да знае туку по некоја друга којзнае каква причина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)