каков (зам.) - друг (прид.)

Татко, во мигот, не можеше да претпостави за какво друго решение размислува Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На стариот Кољо ни на крај памет не му паѓаше каков друг ноќен бој, загледани кон небото и реката, водеа со јагулите неговиот сосед и Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Исто така, можеби умесно ќе беше доколку експлицитно се нормираше дека поднесувањето на уставната тужба не подлежи на судски или било какви други такси.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- А како бре, главчо, ќе ја истресеш или ќе ја излижеш од себе таа миризлива бела или сина или каква друга кралска сапуница? А? Добро вели човекот. Под туш! Само под туш! Раскажувај, другар!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)