каков (зам.) - убав (прид.)

Види каква убава играчка ти донесла.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ти, иако си мала, многу добро се сеќаваш каков убав живот имавте, како сложно и среќно си живееја мајка ти и татко ти.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Христина, дојди некогаш кај мене, само да знаеш колку многу книги за деца имам и какви убави.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нека види и тој каква голема “мечка“ сте фатиле и каков убав кожув сте сошиле од нејзиното руно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Проклет да бидам, каков убав сон беше Големата вода, - секогаш верував во измислици.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А какви убави чувства, какво расположение предизвикуваат убавите, човечки, обострани поздравувања.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)