кого (зам.) - бев (гл.)

— Ќе залачкаат нивните, ќе залачкаат и нашите, — горделиво ги бодреше Андон од Дуње, кој со Толета требаше да му влезе на Арслана во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Постојав малку и тргнав решително да ми каже од кого беше синиот плик и зошто го сокрила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Кажи ми, синиот плик - од кого беше писмото?... По нејзините бледи усни прелета усмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И кога тој, за кого беше побегнала бегалка, ќе ја погледнеше попреку, таа му се вртеше и, со рацете на колковите, му се правдаше: „Е, не фаќа клетва од мајка, де!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Отиде до таму што на својот долгогодишен соработник Питер Тали, со кого беше пријател дваесет години, му смисли ваков наслов за некрологот во Сандеј стар обзервер: „Ќудливата кучка цркна од сида“.170 Оваа решителност да се третира како смешно она што неспорно е траорно не е некакво универзално обележје на реакциите на геј-мажите кон ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојот манук веројатно ќе шизне кога ќе слушне за преграткава, му реков на суртукот за кого бев помислила дека си ти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)