кое (зам.) - нѐ (зам.)

Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вишну е материјалната манифестација на Кришна. Dharma или дарба е природно занимање кое нѐ доближува до Кришна или Христос и преку неа ја исполнуваме нашата мисија во материјалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)