кое (зам.) - што (зам.)

Модерната филозофија го роди ова посмртно дете, на кое што веднаш му беше направена трансфузија на крвта (и покрај ризикот), пред да го однесат на крстилницата на слабата мисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од утро до вечер рмбаа на малото парче земја кое што го имаа за да може тој да студира и да стане адвокат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ваквите знаци на писмото во идеографските или семасиографските системи ја заобиколуваат фонетската вредност на конкретниот јазик и адекватно се читаат од претставници на разни јазици, кои ги познаваат тие знаци, т.е. го познаваат она, со кое што корелираат тие знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со други зборови, во таквите системи на писмо планот на содржината изразен со зборовите на конкретниот јазик, непосредно се одразува во знаците на писмото, со што знаците на писмото ја играат улогата на единици, кои покрај зборовите од конкретниот јазик ги изразуваат и универзалните појмовни категории од разните нивоа на апстракции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сешто може да ти текне на враќање: и дека владетел на планините е она страшило од птица, плус змија ѕвечарка и дива мачка, кое што те посматра со ледените камени очи уште од првата ти стапка по Светлата патека.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)