кому (зам.) - да (сврз.)

Тажни се ноќите, ме галат копнежи, кому да кажам за овој немир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Твојот лик е последна станица за моите мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ќелавкото, и дебелата жена, и блондинката се наполно незаинтересирани за часовникот, зашто се преокупирани со гневот поради сопствената маченичка работа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И кому да му се жалиш? Од шалтерите работат најмногу три.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Јас немам кому да го оставам имотот“, ѝ зборуваше на сестра си подавајќи ѝ го документот за доживотна издршка. И така беше најнормално.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кутриот Михаил, дури сега немаше со кого да си поприкаже и кому да се пожали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Нека кара, вели Ѓеро, да нѐ голтнеше морето, не ќе имавме кој кому да си ја караме мајката...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Милка не може да си дојде на себе, се крши во себе и во снагата, си ги плетка рацете и не знае кому да упати друг вресок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Фрежис, 5 марt 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немав кому да му ги носам своите текстови за мирно просудување, за моја заштита, немав кому да му носам книги за потцртување со молив на најзначајните места, на страниците со пепел и потоа за разговор во врска со нив, немав кому да му се восхитувам за мирната храброст, моќ и трпеливост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кого попрво да слушаш и кому да му одговориш кога те испогазуваат и те оглушуваат од сите страни!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кому да веруваш? Неа, нашата учителка ја разбиравме и ја сакавме, ама Маријанти не ја разбиравме и ја мразевме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мене немаше кој да ми каже, барем јас имам кому да кажам: и кога се роди Горица, јас папокот ѝ го пресеков со срп, оти беше женско. На машките им се сече со секира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)