кој (зам.) - брза (гл.)

Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе зјапав во лап топот и ќе си го изгорев јазикот од првото утринско кафе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Една жена со војнички изглед, но со нежна природа, која се возеше до возачот, ѝ даде крпа и покривка, и ѝ направи место покрај себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бездруго ќе му пратев еден електронски поздрав на Владимир Пиштало и на некои други пријатели кои брзаат да фатат ред за темата смрт во Венеција, ќе му мавнев отпорано на оној оџачар на покривот кој многу личи на Фелини и кој уште не беше разбрал дека секоја година зимата доцни во Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
По цел час очајничко сигнализирање на автомобилите и товарните камиони кои брзајќи поминуваа низ невремето, конечно ѝ се смилува возачот на еден стар автобус.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)