кој (зам.) - запира (гл.)

Малата палата на педесетина метри од морето и недалеку од големата претседателската палата беше еден од можните крстопати на блиско-источните лавиринти каде што запираше историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Цртежот пред кој запираат претставува пазариште на зеленчук во полниот ек на работата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Високите бели ѕидови кои ја опкружуваа вилата беа обвиткани од сино-црвеникавите цутови, со раскошните јасминови бели стракови, под сенките на вишните палми, ги привлекуваше погледите на луѓето кои запираа пред чудесната палата, откако ќе ги посетат картагинските урнатини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тишината ја нарушува шум од автомобилот, кој запира пред куќата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)