кој (зам.) - истакне (гл.)

Изворот нагласува дека според она што можел да го забележи од многубројните разговори со југословенските лидери, тие немале "намери да ја бараат Грчка Македонија", дури и нагласил дека "предметот во врска со грчките работи се избегнува во ретките уреднички коментари во југословенскиот печат".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како потврда на ова, изворот ги цитира зборовите на Раде Прибичевиќ, кој истакнал дека "на последното заседание на АСНОМ официјалните претставници на Бугарија изјавија дека Бугарија е подготвена да ѝ го отстапи нејзиниот дел на Македонија на нашата држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Салвемини, во однос на ова, сметал дека "мора да се создаде нова атмосфера", без која ништо не би можело да се реши.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој став го поддржал и Вамбери, кој истакнал дека "ако им помогнеме на демократските револуционерни сили тогаш прашањето на границите лесно ќе биде решено".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)