кој (зам.) - лази (гл.)

Ги тргав од нејзината коса; некои успевав да извадам, некои се распрснуваа меѓу моите прсти, испуштајќи слузава течност која се лепеше за мојата кожа и за косата на Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Косата ѝ се беше наполнила со гасениците кои лазеа по дрвото на кое се имаше потпрено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И подзасушените јасминови цветови кои лазеа по ѕидовите на палатата ја ослободуваа својата згустена миризба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На чија страна ќе застанат тие во војната која лази по тунелите, им се приближува на мостовите, чука и на нивната врата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)