кој (зам.) - мине (гл.)

Ја разбираше величината на татковата жртва, но чедата со кои мина низ толку бури и војни, тие мајкини рожби, што не ѝ ги зедоа војските, сега требаше да се фрлат во устата на волкот, на тоа проклето Кале што ќе ги изеде козите, токму како во приказната за козата на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Студентот денес стои поблиску до припадникот на SA отколку на кој било претставник на академската струка, кој минал низ високите школи на минатото...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не случајно: Никола Кирков е едно од нашите најопитни новинарски пера, цели четири децении буден и дежурен толкувач на најдинамичниот период низ кој минува македонската историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во прво време мислев, „Добро ова е само фаза низ која минуваат и, но добро ако ова сега го работат, што ќе работат за неколку години?” - не сфаќајќи дека тие беа во своите најдобри години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Согледувањето на самиот себеси низ времињата кои минале, но и низ оние кои допрва ќе дојдат, не е одлачено од стравот кој самиот себеси се тегне низ стиховите како товар и како сенка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Низ нив беше можна успешната потрага не само по неговото време и по неговите предци туку и по времето на неговиот народ, на балканските народи, кои минаа пет векови под Отоманската Империја...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Играта со артифициелноста се реализира од кадровите на паркиралиштето, фасадите и yидовите низ кои минува камерата преку музиката на Мајкл Нојман (пеењето на “Miserere” во кујната и пурчеловската репетитивност), сѐ до анегдотата со првиот дијалог на жената на крадецот и нејзиниот љубовник, собирачот на книги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Исто така, овој закон ги пропишува и времето и местото на вршењето на вознемирувањето и тоа под место се смета работното место на кое работникот работи, како и местото на кое тој е упатен да работи од страна на работодавачот, но може да се сметаат и местата низ кои минува работникот при неговото доаѓање или заминување од работното место.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Френк се надеваше дека тоа е само еден период низ кој минува брат му и дека наскоро ќе го преболи тоа и ќе си ја врати поранешната трезвеност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Постои тука и такво нешто како што е испитување на тој копнеж по вистина кој минува низ светлината и оди кон нешто што можеби е ноќно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој е камион за ѓубре, кој минува на време. вторник, 3 мај, 21.30 Чадор за сите луѓе Градот убав Има еден влез на Ленинова од каде лете доаѓа кочан ладно, а зиме мириса на благородна мувла, која вирее само во подруми на домаќински куќи.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
И луѓето кои минеа крај нејзиното песјо живеалиште, ќе го поитаа одот, ќе го подголтнеа зборот, ќе се сокриеја во себе за да не ги здогледа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еднаш ја најдов како спие потпрена на едно дрво во стаклената градина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со просто напипување на воздухот низ кој минал знаеше во колку часот бил таму, и кога пак ќе биде.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе испиеме, рекол гласно Онисифор Проказник. - Но најпрвин оставете нѐ да клечиме во манастиров и да се молиме за нашите мртви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наредив уште илјада и триста ридишта низ кои минала бригадата, но никако не можеше да си спомни за Сентерлевиот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од крошната на Стеблото, која го претпоставува духот, се шири материјата за да се излезе на патот, кој минува низ десетте димензии на Бог наложувајќи ја рамнотежата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Татко беше помалку поттикнат од етимолошкото потекло на зборот или од неговите слични облици во балканските јазици, отколку од својата лична кадиска диплома, чија валидност мораше да ја докажува во режимите низ кои мина: на Република Турција, на монархија Албанија, и на социјалистичка Југославија...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој дух тој продолжи: - Фашизмот и сталинизмот беа двете најтрагични искушенија низ кои минаа Европа и светот во XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаеше за неговите затворски маки низ кои мина во земјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дамна беше кренат балканскиот ѕид-граница низ кој мина Мајка, пред многу години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Нема што да криеме - велат - не е подобра ни сликата на каналот „Иванидол“ кој минува низ центарот на градот во непосредна близина на зградата на Општинското собрание.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да, ПаризИстанбул, како пејзаж забележан низ замаглените прозорци од возот кој патува дење и ноќе, додека патникот, макар што не добива точна информација за пределите низ кои минува, чувствува дека во него се отвора еден внатрешен простор кој е с поширок и поширок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кажете ми дали знаете за него или за неговата книга?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред извесно време ми падна в раце еден кус напис за Фајар во кој се зборуваше за финансиските тешкотии низ кои минува овој издавач, а неколку дена потоа прочитав и неколку реда кои можеби ја објаснуваат ситуацијата: Странските култури навлегувале во Франција во одделни налети во зависност од нередовните и непостојани интереси.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)