кој (зам.) - одлучи (гл.)

Против решението на советот на Врховниот суд незадоволната страна има право – во рок од осум дена, сметано од денот на приемот на решението, да поднесе жалба до Врховниот суд, кој одлучува по истата. (чл. 35-а, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како член на општинската комисијата која одлучува за финансиска помош, на ниту едно барање, поткрепено со извештаи од специјалисти или биографски податоци на барателите, не сум трошел време поголемо од она што е потребно да се фрли бегол поглед.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Врховниот суд, по ова барање одлучува во совет од тројца судии на нејавна седница, но по исклучок судот може да одлучи да ги сослуша подносителот на барањето и претставникот на судот чија постапка е предмет на поднесеното барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ми се чини дека нашата должност е во моментот борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде дури беспредметна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)