кој (зам.) - патува (гл.)

Го замислувам својот колега, западниот писател, како елегантен патник кој патува без багаж.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со возачот Коле Оној „мерцедес“, во кој патував, го управуваше многу опитниот Коле Панчевски.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во возот, со кој патував тој ден, имаше повеќе Југословени, кои дошле во Берлин од Лајпциг, со желба да ги видат обата дела на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Девојките од Скопје, кои патуваа со мене во дертмунскиот експрес, сигурно веќе работат во некоја германска фабрика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вечерва мојот свет се руши, секој немир ме гуши, зошто оваа вечер и ангелите спијат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зборови тешки, без почеток и крај, пекол и рај во огледалото нема одсјај, зошто лик кој патува во заборавот е ликот во огледалото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Минаа години и јас заборавив на ќесето со разнобојните камчиња, на сувата корен- рака, на иконката, на школките, на големата школка низ која патував низ морето. По далгите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На моите сонца за три светови На еден изгрев и на вербата во Бога, кој, случајно или намерно, ги вкрстува шините на возовите во кои патуваат само добри луѓе кои, ете, навистина постојат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во купето од втората класа, од учтивост или плашливост, тој податливо ги потврдува здодевните зборови на сребренокосиот човек кој патува до некоја блиска станица и кој при слегувањето не заборави да си го каже името: Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Моето пишување за Балканот на мајчиниот јазик, потоа на јазикот на моето образование, македонскиот, во времето кога се загрозуваше соживотот на народите на овие јазици, кога преовладуваше сеништето на делбите и територијалните разграничувања на населенијата, судбината на моето пишување, моето служење во дипломатијата како прв амбасадор на Република Македонија, беа клучни прашања со кои се соочував во мојот живот во потрагата по вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас го почитувам секој ваш збор кој патува кон Балканот како дел од молитвата на вашата добрина... Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да, ПаризИстанбул, како пејзаж забележан низ замаглените прозорци од возот кој патува дење и ноќе, додека патникот, макар што не добива точна информација за пределите низ кои минува, чувствува дека во него се отвора еден внатрешен простор кој е с поширок и поширок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Жената која седеше до мене забележа дека ги слушам туѓите разговори, и дека се обидувам да не ги слушам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Старицата до неа, Миа Краус, со која патувавме од Виена, зборуваше за своите внуци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)