кој (зам.) - помине (гл.)

Мора да се претстави преку некоја случка; можеби некој разминувајќи се со него на улицата мрмори нешто што може, но и не мора да е во врска со него; или го уловува злонамерниот израз на лицето на некој кој поминува на велосипед.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не ги чуствувам прстите, некоја замраченост... чекор во времето кој поминува низ предметите, низ воздухот заслепен од новите случувања засолнат од немостта на талкањето украден од сомнежот на новите денови.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
- Да не му доаѓа од зборот резил?... - општа смеа која помина во џагор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Амер, оној најстариот меѓу младите, обичен работник во фабрика за целулоза, кој поминал многу години на работа надвор од земјата, како да се заситил од печалбарењето, од белиот свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И после сите натрупани, хибридни грешки кои ги броиме и кои поминуваат низ деновите, ќе дојде и денот кога ќе донесеме цврста одлука, храбрoда ги исполниме сите надежи и очекувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе дојде време на промени, ден за чистење на орманите полни прашина и на спомените и на минатото кое фатило пајажина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа го смируваше својот Климент велејќи му дека тоа било само сон, кој поминал и нема никогаш да се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе одам во Париз, градот во кој поминав една година од мојот живот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Цртите на лицето недвосмислено укажуваа дека тоа е онаа жена со која помина една прекрасна вечер на Петроварадинската Тврдина и два дена дружба во Качарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби ме грабнала од некое босанско село, од двор, од улица на некој град и дошла овдека да си го ебава животот во шупата во која поминавме шеснаесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бев наведнат над папката и мојот поглед достигна до над колената на тројцата кои поминаа пред нашата маса и се распоредија крај масата до нас, од нашата лева страна на која седеа двајца судски службеници задолжени за функционирање на техниката во одвивањето на судскиот процес.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ноќта игуменот чу тропкање по чардакот; наштути, стана од креветот и ѕирна низ прозорецот од одајата; на месечевата светлина го забележа Наќа кој помина држејќи дрво в рака и се упати кон одајата на полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како овошка изникната на пат: кој помини - скини...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Двајцата му салутираа на еден гардиски поручник, кој помина покрај нив, љубезно отпоздрави и им се насмевна.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Старецот замолчува. Молчиме и ние и гледаме пред себе во жолтата полјанка преку која поминуваат овците и се губат негде зад грмушките од другата страна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„Што можеме”, им вели слепиот Тимон, „кога оваа наша замјичка е како овошка посадена на пат: кој помини - тој скини...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пелагија ретко го повикуваше Господ, ни за да го обвинува за црнилата, ни за да го моли да пушти малку светлина врз патот по кој поминува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Луѓето кои поминуваат покрај, застануваат за миг, вртат со глави во знак дека не разбираат што им зборувам, меѓу себе разговараат, дигаат раменици.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите кои поминаа низ менѓемето на времето пред и по поразот, со најголеми желби сакам да ги оставам со нивните мисли, со нивните спомени и болки кои не се само дел од нив, туку се нивен живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И се надевам дека книгава ќе се најде во вашите раце, а вие, читајќи ја, ќе видите како еден возрасен човек, кој поминал и детство и младост, гледа на многунешта што нè опкружуваат, што ни се случуваат во нашето секојдневие.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Одамна веќе знаат истоштените животни оти нивните господари повеќе им веруваат на пораките од ветвите книги одошто на нивниот усет во совладување далечини А животот низ кој поминуваат не е оној што го познаваа долу во пустината туку некој друг ветен некому или посочен од некого.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Притоа имам причини и да ви се доверам дека и покрај многуте недоразбирања низ кои поминав таа ноќ (како што реков веќе) денот го пречекав сосема спокоен и се однесував како да не се случило ништо необично.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Напати ѝ се случуваше да поверува дека е во состојба да внесе ведрина и на места низ кои поминува облакот на напнатоста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Старецот замолчува. Молчиме и ние и гледаме пред себе во жолтата полјанка преку која поминуваат овците и се губат негде зад грмушките од другата страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па после ќе се џарат што се прави на патот: кој поминал кој заминал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој помина, сестро, тој украде, вели, а не беа едни за да се браниш од едни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)