кој (зам.) - почне (гл.)

Во периодот од јуни 2008 до јануари 2010, пред месно надлежниот суд се одржаа вкупно четири рочишта за главна расправа, на која беше спроведено и медицинско психијатриско вештачење од страна на вешто лице – психијатар, а беше сослушан и доктор- специјалист офталмолог.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5 Во јануари 2010 судијата (Ѓ.Христовски), во присуство на полномошниците на обете странки, донесе позитивна пресуда во корист на Ф.И. со која се усвои нејзиното тужбено барање и работодавачот беше задолжен, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена да ѝ исплати вкупна сума од 750.000 МКД (12.300 ЕУР) на име справедлив надомест на нематеријална штета на работничката и тоа:6 а) 150.000 МКД за претрпен физички бол; б) 300.000 МКД за претрпен страв; и в) 300.000 МКД за душевни болки заради намалена животна активност; а сето ова сосе законската затезна камата која почна да се пресметува од февруари 2009.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, новиот ЗВР/09 содржи четири члена во поглед на остварувањето на правото на штрајк (чл. 118 – чл. 121) Работниците во МВР ова свое право можат да го остваруваат на начин и под услов битно да не се нарушува редовното извршување на внатрешните работи – при што, постои и законска основа за забрана на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За државната тенденција на ограничување на уставнозагаранираното право на штрајк види повеќе во истражувачката студија Штрајк – искуства 131 и состојби [уредник: Здравко Савески]; ДСП „Ленка“ во соработка со RLF; Скопје, 2011. 3.  Во ЗП/06, кој почна да се применува од октомври 2007, се содржани вкупно три члена за правото на штрајк (чл. 106 – чл. 108).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Девојката успева да се подигне и започнува панично да бега.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Финансиите се за сиромасите, не за нас“, со длабок глас, бавно како крвник и свечено како проповедник, соблечен до појас и наметнат со бела прегача, како ковач или месар, како занаетчија- мајстор накусо, грмеше на сцената на Цанкаревиот дом Петер Млакар, членот на Одделот за чиста и практична филозофија на Neue Slowenische Kunst, дружина 1983 г. создадена од музичката група Laibach, ликовната група Irwin и Gledališće sester Scipion Nasice (подоцна Kozmokinetični kabinet Noordung).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По говорите на градоначалникот Димитриј Рупел, претседателот Милан Кучан и гостинот, естонскиот претседател Ленарт Мери, непосредно пред свечениот почеток на концертот на Лајбах со кој почнува Европскиот месец на културата Љубљана 97, се појави на сцената ненајавено, неочекувано, како туѓо тело и паразит во ритуалот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бети со едната рака ја подига слушалката и ги врти броевите, а со другата од џебот на палтото вади женски гаќички кои почнува да ги душка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ја вадев матарката со вода и пивнував, потоа го поткревав сенчилото на капата, која почнав да ја носам и дури кога немаше сонце.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Евергрин беше актуелен државен колеџ кој почна да работи ‘71 со прогресивни цели - без оценки, без задолжително присуство на часовите, еден прилично слободен начин на студирање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Ти да молчиш!“ му се налути Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Сега јас сум крив! А те прашувам јас тебе: виде ли кој почна!?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Формирањето на македонската држава бил долготраен процес кој почнал во VII век пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тоа Сара, витка жена на нешто преку четириесет години, физичар аматер која почнала да се занимава со пишување како со хоби пронаоѓајќи го таму она за што сега верува дека е вистинска активност, од сеќавањето ја бележи (на хотелски лист хартија, со молив со знак на авиокомпанијата Делта) формулата на Ервин Шредингер која прикажува развој во време на брановата функција на физичките системи, аксиом од квантната механика: /еве ја формулата/ „Топката”, рече таа потоа, брзо вртејќи се на стомак, „сега е на твоја страна.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Два настана кои почнале да се кристализираат во односите меѓу Југославија, Бугарија и Грција кон крајот на 1944 година го привлекувале вниманието на СССР и на Велика Британија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во радиограмата тој посебно ќе истакне: “најпосле преминуваме во напад“.191 Меѓутоа, во овој период основниот проблем ќе се појави со опремувањето на големиот број нови борци кои почнале да пристигнуваат во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
XLVI Го зедов листот хартија од Татковата здрава рака која почна да трепери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со време, сигурно и поради очајот во којшто тој сè подлабоко тонеше, Спиро Испустениот стана препобожен човек кој почна прво да оди по црквите околу селото, а наскоро потоа тргна и по манастирите до Демир Хисар, до Струга и Охрид, па дури и до Костур.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Жителите на Потковицата беа уверени дека Тахир бег и Максим Акиноски рекоа така само за да ги одбранат Јанческите од властите кои почнаа да доаѓаат дури од Прилеп и да душкаат околу нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тоа е и начинот на кој почнал да се оддалечува од чесноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога почувствува дека има успех со нив, таа премина на подиректната социјална мрежа, којашто ги вклучуваше нејзините роднини, кои почна да ги поканува за време на терапијата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 41
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа одлучи да почне со повторно запознавање со оние кои беа “далеку” и контактираше со неколку пријатели од училиштето кои не ги имаше видено неколку години.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ме гледаше и тој, гледаше во мојата коса во која почнаа да се појавуваат и првите бели влакна, и само повторуваше: „Ништо, ништо не е тоа; тоа е само времето во твојата коса.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лекарите му рекле дека сѐ уште било „биолошки возможно“ да зачне и да роди бебе, па двојката нашла „тројца што нѐ сакаа, но не сакаа деца“ да донираат сперма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе ѝ пристапиме од три страни: (1) како на супкултурна практика – суптилна, сложена и тешка за теориски опфат – која почнала да се испитува во еден малечок, но значаен корпус на дела од областа на квир- студиите; (2) како на тема во машкото геј- писмо; (3) како на студиски проект, бидејќи и самиот предмет ќе претставува експеримент за самиот процес на иницијација што се стреми да го осознае.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Насловната на Војс најавува дека неговото посебно издание ќе содржи „Портрети на радикални животи“ и навистина е тешко да се замисли живот порадикален од оној што го опишува Калифија-Рајс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Синот на Патрик и на Мет се родил година и пол потоа (48). ‌Тешко е да се замисли понастрано семејство: двајца истополови родители од различни генерации, кои создаваат педерастична двојка; обајцата се мажи, но ни едниот ни другиот не се родиле како машки; еден од нив раѓа дете откако преминува од женско во машко, а син им има тројца можни биолошки татковци, од кои никој не може да се идентификува со сигурност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сосема е разбирливо што Патрик Калифија-Рајс, кој е болно свесен за непријателството и за нетрпеливоста што ги предизвикува едно такво нестандардно семејство, би сакал да ја ублажи настраноста на своето семејство и да ја промовира неговата обичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Карл Хајнрих Улрихс, првиот политички активист за еманципација на хомосексуалците, кој почнал да пишува на почетокот од 1860-тите години, се опишал себеси со една прочуена латинска фраза како женска душа затворена во машко тело (anima muliebris virili corpora inclusa).45 На Вестфала му биле познати неговите дела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби тој импулс му го зацврстила поддршката што ја добивал од „своето и од семејството на партнерот и од стрејт-соседите“, која шокантно спротивна на згрозеноста што ја изразиле „на интернет неколкумина хомофобични ОЖМ кои се идентификуваа како стрејт и кои почнаа да му се обраќаат на Мет со женското име, затоа што вистинските мажи не затруднуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зеде чиста облека од камионот, не обрнувајќи внимание на Пикник, кој беше при крај со читањето на “Девојката од мочуриштето” и кој почна нешто да кажува но се премисли, отиде до спалните и стоеше под тушот долго време, помислуваше дека е како дожд, пролетен или летен дожд, и се присетуваше на сите моменти кога бил наврнат, и кога излезе од спалните, облечен во чиста униформа, забележа дека повторно е темница.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бидејќи Дерида нѐ предупреди на значајноста на ваквите надворешни, “гранични” елементи како што се епиграфите, накусо ќе ги разгледам можните значења на тие одломки од Борхес и Џојс во врска со “Платоновата фармација” како посреден начин да се изнесат некои согледувања за односот помеѓу Борхес и Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
” Овој навод (чиешто потекло пак не беше лесно да се пронајде) потекнува од славниот расказ на Борхес “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius” со кој почнуваат Измислиците (1944).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На тој начин сите ужаси, страдања и тешкотии во животот се одредени да бидат избришани; животот по смртта, со кој се продолжува нашиот овоземен живот, ни носи на сите нас совршенство кое овде го пропуштивме.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секое добро на крајот се наградува, секое зло се казнува; ако не уште во овој живот, тогаш во животот кој почнува по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара беше една година постара од мене, и имаше три години постара сестра, Берта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш јас ја знаев само како лик кој набљудуваше низ прозорецот, а потоа нејзиниот татко му беше рекол на брат ми дека во нивниот дом сега доаѓа неговиот колега од факултетот, доктор Ернст фон Брике, сликар – аматер кој почнал да ѝ држи часови на ќерка му, и кој побарал на часовите да доаѓа уште некое дете, затоа што така би се постигнала подинамична работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како што полека се смируваше, звуците што ѝ допираа до ушите не престануваа и сега нејзината тага се престори во страв кој почна да ѝ ја лади крвта во вените.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Подолу најде нови крвави заплиснувања, кои почнаа да се повторуваат вдолж по целата трага на секои стотини чекори, сега беа од десната страна. Некоја нова рана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, црвот кој почна да ги грицка и двете, прва го забележа Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Огнот кој почна да избива од нивните очи веќе беше забележлив од далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе си најдам друшка и ќе ги доправам глупостите со кои почнав, а не ги довршив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така јас станав миловидна лажга која почна да си верува на сопствените лаги.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И губејќи се самиот себе меѓу забрзаните луѓе, побрза да се најде во првата крчма, таму под мостот, под кој почнаа да се изнуркуваат и по ден призраците што се влечеа во тие ноќи по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но дури и во најапсурдните измислици на Frere-Jones можеме да го согледаме неговото мајсторство. Vitriol, кој почна со неговиот матурски проект, беше експеримент од кој произлезе фонт во обид да се пронајдат автоматски средства кои ќе создадат остро оштетени букви. Rietveld започна како игра врз салфети меѓу Frere-Jones и Chris Vermaas, кој од нив ќе нацрта посмешно „а”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Случајот сакаше, во низата вообичаени куртоазни и работни посети, кои почнува од посетите на министерствата, првата средба да ја имам со тогашниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи Зине Абедин Бен Али, наследникот на врховниот борец Бургиба, главниот извршител на медицинскиот државен удар во ноќта на 6 ноември 1987 година во претседателската палата во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Александар промрмори едно збунето „благодарам“ и почна да се качува по дрвените скали кои почнаа да испуштаат ужасни крици.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Постоеја, меѓутоа, живи луѓе, кои почнаа да засведочуваат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Новите клинци кои почнаа да доаѓаат во Фектори не можеа да разберат како можеме да дозволиме некој да живее со нас, а никогаш да не го видиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во врска со ова, во октомври 2009, со четвртата измена на ЗРО (2005), 34.  Подоцна, беше донесен и посебен Закон за мирно решавање на работните спорови (2007) – Сл. весник на РМ, 87/07 – кој почна да се применува од 2008, и којшто, за жал, не наиде на добар одѕив во праксата. 51 се прецизира дека репрезентативноста на овие асоцијации, покрај за склучување на колективни договори, се определува и заради учество во трипартитни тела за социјално партнерство и трипартитни делегации на социјалните партнери (чл. 33, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работниците кои ќе ги вработи со- гласно одредбите од овој закон работодавецот е должен да ги задржи на работа најмалку двојно повеќе од времето за кое користел надоме- стување на средствата за придонесите на плата (чл. 6), а покрај тоа, во случај работодавецот да го намали бројот на работниците под бројот при кој почна да ги користи поволностите од овој закон, должен е да го врати износот на надоместените средства со банкарска камата на средства по видување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Грците, поправо грчките четници — андарите и нивните архиготи и капидани, пораснаа во очите на заспаните селани и кои почнаа масовно да се навалаат на страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во селото Старавина утринава поп Јаков служи литургија, држи проповед, та досега доцна ја пушти црквата, од која почна да излегува народ, крстејќи се пред иконата на св. Богородица над самата врата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што: Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник – тебе пресветли царе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Постојат три главни помошници на госпо­динот Сенка; нивните имиња се: Даркер (чове­кот без лице, иако многумина се сомневаат во тоа дека Даркер воопшто е човек); потоа доаѓа господинот Пајо Ентропија (за неговото наста­ну­вање исто така кру­жат разни приказни; една од побизарните е онаа која вели дека Пајо прво е нацртан, а потоа, во специјални студија, „ожи­веан”??!); последниот (но не на крајот!) помо­шник на господинот Сенка се вика Дипигус, и за него се смета или дека е клониран (со помош на Франкенштајновиот таен рецепт како да се направи битие од кал, нокти и две капки плунка) или дека вре­мен­ски (Дипигус) потполно се загубил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едно е сигурно: ли(з)гавите раце на прав­дата досега не успеале подолго да го задржат нашиот месечев јунак, со кој почнува оваа кршлива приказна...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Американските синеасти кои почнаа по 1930-та дури не се ни обидоа да го искористат десеттиот дел од теоријата која ја разви Грифит, и не ми се чини претерано ако напишам дека, од пронаоѓањето на звучниот филм, Холивуд не даде ниту еден голем визуелен темперамент, со исклучок на Орсон Велс (Orson Walles).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Полошо е дури и од кога ќе се опседнеш со врвчето на носот, не можеш да заборавиш на него и постојано го забележуваш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Лежеше околу нејзините нови црвени чевлички, кои почнаа да потемнуваат кога врз нив една по друга паднаа неколку тешки и солени капки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На дедо не му кажував што ми порачуваше даскалот, а дедо, кој почна веќе да се опоравува од пониженоста, еден ден ми рече: - Чендо на дедо, дојди, седни до мене.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од тие со кои почнавме, има сѐ помалку. Се истрошија. Голема беља си имам. Да им подвикнеш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога сите луѓе би се плашеле, кога би се двоумеле, денес не би имале олкави градови кои, се разбира почнале да се градат од првата тула, почнале да растат од првата куќа; не би имале толку долги патишта, пруги кои почнале со првиот метар за да се издолжат потоа во километри и кидометри.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој го следи когнитивниот развој на децата кој почнува со основните шеми што ги водат нивните моторички интеракции во светот, преку нивоата на постапна апстракција кои водат до јазикот и логиката и на крај до апстрактната мисла.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Кој е тој Колумбо?“ „Првин да се раздолжиме, пријателче, со триесетте аспри”, почека дубровчанецот, вадејќи од џебот грст метални парички со кои почна нестрпливо да тропка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)