кој (зам.) - претстави (гл.)

Сите задолженија што претпоставуваат и одредена доверба им се доверуваат само на обичните криминалци, особено на гангстерите и на убијците, кои претставуваат еден вид аристократија во логорите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Саемот во Келн целиот е покриен. Тоа е една зграда, односно многу згради, меѓусебно поврзани со ходници кои претставуваат градежна целина, која располага со 150.000 квм. покриен изложбен простор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште поскандалозни се 9-те прекршочни поведенија за работодавачот кои се предвидоа во чл. 265-а, меѓу кои спаѓаат и основите ако „работодавачот се обиде да оствари или остварува забранет надзор над синдикатот“, доколку „работник кој организирал или учествувал во штрајк, организиран во согласност со закон, го стави во понеповолна положба со другите работници“, или кога „откажувањето на договорот за вработување не биде изречено во писмена форма и содржина, согласно со закон и не биде врачен“, кои претставуваат сериозни прершувања на работничите права, а за нив се предвидени најниските можни казни од само 2.000 до 3.000 ЕУР (чл. 42 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Споровите поведени согласно овој закон имаат карактер на работни спорови и во нив се применуваат одредбите од Законот за парнична постапка (чл. 31).79 Со тужбата може да се бара: (1) утврдување дека 79 Закон за парнична постапка, Сл.весник на РМ, 79/05. 90 работникот претрпел вознемирување на работното место; (2) забрана на вршење на однесувања кои претставуваат вознемирување на работно место, односно забрана на повторување на вознемирување на работно место; (3) преземање на дејствија заради отстранување на последици од вознемирување на работно место и (4) надоместок на материјална и нематеријална штета причинета со вознемирувањето на работно место (чл. 32).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Набележавме колку важност машката геј-култура му придава на стилот – нејзината карактеристична склоност да му придава вредност на секој кохерентен израз на некој конкретен историски систем на вкус и забележавме со колкаво задоволство ужива да препознава како тој систем целосно го определува формалниот склоп на некој предмет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Демодираните, но крајно доследни и методични стилови, напуштени од модата и општествено обезвреднети, по правило будат кампско признание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На ист начин, старите градби за кои на никого друг не му е грижа, но кои покажуваат одлики на целосен стилски систем, можат да побудат страстен полет – всушност, токму онаков полет со каков што машката геј-култура по правило ги заплиснува сите демодирани естетски форми што човек може да ги сака без да мора да ги сфаќа сериозно, како што се барокната опера и „женските слики“ кои претставуваат значајна состојка на холивудската мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Радо би признал дека некаква страсна емоционална внесеност во конкретни елементи на стилот, некаква педантна грижа за чудесностите на архитектонскиот или на внатрешниот дизајн, за нијансите на естетските ситници, обично не се смета за особено машка одлика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, попрво, прагматичните обѕири што ја исцртуваат, во одреден општествен контекст, разликата помеѓу тоа што се смета за нормална интеракција и она што се смета за бизарна, вознемирувачка или навредлива интеракција создаваат структурни правилности во дискурзивната практика кои претставуваат конвенции – а во крајна линија и цели жанрови – на говор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Палестинците на чело со Јасер Арафат ќе се најдат во вистински дипломатски лавиринт, во кој политиката чекор по чекор во решавањето на судирот, кој претставува една од отворените рани на планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така политиката чекор по чекор во решавањето на палестинското прашање продолжува до денешни дни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минимална плата и минимален износ на плата која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата Во врска со оваа проблематика дојде до доста измени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ваков потфат заслужува внимание. (Во Париз е објавена и една книга на Старова која претставува компаративна книжевна студија за односите помеѓу Гијом Аполинер и Фаик Коница, во издание на познатиот издавач на балканските литератури „Еспри де пенинсул”, дел од докторската дисертација, одбранета пред дваесетина години на Сеучилиштето во Загреб.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во кратката проза “четири циклуси” тој дава преглед на четири раскази: еден за град што го опседнуваат и бранат храбри луѓе (Трои од Хомеровите пеења); друг, приказна за враќање (Одисеј се враќа на Итака); трет, кој претставува варијација на претходниот и зборува за потрага (Јасон и Златното руно, Триесетте птици и Симург, Ахаб и китот, Џејмсовите и Кафкините ликови); и последниот за жртвување на бог (Атис, Один, Христос).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На друго место покажав дека неговиот модус операнди може да се утврди во најголем дел од неговата проза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во текот на времето што ни преостанува, ќе продолжиме да ги кажуваме, преобразени”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа Борхес заклучува: “Има четири раскази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)