кој (зам.) - прима (гл.)

Во јануари 2001 година беше пропишано дека пензиската основа на невработените лица кои примаат паричен надоместок ќе се утврдува врз основа на паричниот надоместок во случај на невработеност и дека овој паричен надоместок ќе биде и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување за невработените лица (чл. 2 и 3, ЗИДЗПИО/јан.01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се распраша кој прима на работа во рудникот и доби упатство, та отиде во камената зграда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3 Во однос на првата промена на ЗПЗСО од мај 2009 година заслужува да се спомне одредбата дека и Фондот за здравствено осигурување стана обврзник за пресметка и уплата на придонеси за невработените лица кои примаат паричен надоместок во случај на невработеност и за невработените лица кои активно бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување, а немаат друга основа на осигурување (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од важењето на овие измени се изземаат лицата кои примаат пензија, што значи дека постои противуставно привилегирање на одредена група на граѓани без никакво валидно образложение.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)