кој (зам.) - рече (гл.)

Џандарите не успевајќи да дознаат кој ги организира момчињата да бегаат од српската војска, или кој рекол да се сокрие добитокот и живината, или житото и добиточната храна, ги собираа мажите на срецело и душмански ги тепаа, на живо им ги солупуваа кожите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Е, море, кој рече „неќу" или „не давам", сам нека си го носи греот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, што велат коџабаши? — го пресретна Арслан со љубопитство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го слушнавме гласот на послужителот кој рече: - Ве молам доцна е мора да ја затворам црквата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И така Мерв ја наполни емисијата со андерграунд фрикови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бригид веднаш се залепи за него, а тој се залепи за Вива и Нико.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едно попладне, додека го снимавме Imitation of Christ, во Фектори упадна еден тип со име Пол Соломон, кој рече дека е во лов на таленти за „The Merv Griffith Show”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Туку, Радо кој рече дека ќе е кавалерот што ќе те земе од дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас го сакав Берт Ланкастер.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се сеќавам на забелешката на еден холивудски критичар кој рече: „Моравме да чекаме 105 минути на првото возбудување”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа го потврди и отец Иларион кој рече дека тоа вино му служело и како лек: растворал од него и им давал по малку на болните, кои по напивањето се чувствувале подобро.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да не гледал на тие работи немало ни да забележи дека имало и такви и такви, кои рекле, и кои не рекле фала.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Им даде ишарет на двајцата Турци што седеа дотогаш молчејќи, и кои рекоа на одење само „аирли олсун”, и прв се витоса низ порта како ветер, та портата се заниша и закрцка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во неа главен јунак е дедо Боже кој рекол дека никој не смее да се противи на неговата волја. што се однесува на целиот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кој рече дека имало една песна, Ахиле?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дури и ако постоењето на тие демагошки наци-неандерталци (сè уште доминантни по кулоарите на смрдливиот пазар кај што всушност рибата се дели!) е некаков историски фатум, трагично е непо­сто­ењето на малку полуциден и посовремен „културен” (уметнички) став кај помладите, трагично е непостоењето на поснажни субверзивни струења во уметноста која речи­си и не е ништо друго освен пресметка со конвенциите, морализмот и демагогијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
СИМОН: Кој рече доаѓа? СТЕВО: Господин Клаус, на ракија!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сите овие претпоставки мене ми ги потврди раскажувањето на пријателот Пејо, кој рече: "Знаеш, најнеобично е тоа што токму кога јас мислев дека присуствувам на еден судир што на извесен начин допрва требаше да се случи пред моите очи, речиси токму тогаш ако не и пред тоа, јас црниот човек го видов како се оддалечува од местото на судирот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека ме водеше кон одделот, ми раскажуваше што може да стори една млада жена која ќе забремени, ако не е во брак, и ако оној од кого забременила не сака да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш одев да го посетам на работа, а тој ден брат ми ме поведе кон еден оддел од болницата, за кој рече дека е таен, и постои надвор од законот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Што зборуваш? Кој рече дека сум против сите кучиња.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Наеднаш ми светна дека тој повеќе време јава наутро и ова утро дошол по мене само затоа што знае колку сакам да јавам. – Кој рече нешто за крадење на некаков коњ? – праша тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој мирно го поведе коњот кон шталата на едно запустено лозје, кое едно време беше гордост на еден фармер по име Фитваџијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знаеш кај ќе фати, што ќе забере, вели. - Кој рече дека идат луѓе, вели Доксим Тренчески, кај видовте луѓе?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)