кој (зам.) - кого (зам.)

Па ти велев: Ако бабо, нишкај ,така... До ден денес не знам, кој кого чуваше?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Овде не се знаеше ни кој кого ебе, но се знаеше само дека сите беа заебани.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Иако не се погодувало никогаш кој кого повеќе сака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе помислам, отсекогаш сум се прашувал: „Кој кому му претходел, Ракот на Генот или Генот на Ракот?”, или, ако сакате наопаку: „Кој кого го наследил, Генот Ракот или Ракот Генот?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Мм, да-а, скоро воздивна Баждар: - А калуѓерот кој кого што служев инаку говореше: „Туѓо ли е, ти не подавај раце. Ќе ти се исушат прстите.“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не се знаеше кој кого удира, кој вика, кој писка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кој е кој? И што е тоа? Кој си ти, за да ми речеш, оди што побргу лечи се, или јас на тебе, ти си луд, мој брате. Како кој кого ќе сфати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледајќи ги овие растенија, луѓето велеа: Боже, се измеша светот: дојде време да не се знае кој кого јаде: дали животните растенијата, или растенијата животните...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)