кој (зам.) - Албанец (имн.)

Кога читаше делови од Татковата книга, на Мајка најголем впечаток ѝ направија Татковите согледби според кои Албанците, во судирите со империите на Балканот, како и при нивните падови, најчесто го извлекувале „подебелиот крај”, при што лесно доаѓало до религиозните конверзии, милум или силум.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште при падот и крајот на илирската империја, со која Албанците најмногу го врзувале својот идентитет, Римјаните најжестоко се пресметале со Илирите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Скадар има личности со кои Албанците во нивната историја можат да се гордеат. Такви беа Васо Паша Шкор­дани, Ѓерѓ Никола Миѓени, Луиѓ Гуракуќи, Ѓерѓ Фишта и многу други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)