кој (зам.) - автор (имн.)

Особено ако умее да се издигне над политичкото милје во кое живее, допуштајќи си еден контрапанагиричен стил со кој ќе укаже на слабостите во општеството, како во колумната „Кругови“ од 19 јуни 2012, на Утрински весник, во која авторот нејзин го вели следново: „...и планетите се вртат во круг и ако од нив се одвои камен, тој неминовно паѓа зашто ја нема центрифугалната сила која ќе го држи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа е ангажиран пристап со кој авторот ни укажува кон што би можела да се стреми денешната уметност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Она што го открива парадоксот на оваа изложба, а оди во прилог на тезата за отсуство на дефинирана ликовна стратегија и структурирана сцена е фактот дека и по цела година од реализирањето на овој проект (куратор Зоран Петровски) не се појави каталог во кој авторот ќе ги инерпретира веќе лоцираните проблеми и новонастанати поетики, како едно теориско согледување на конфронтираните ликовни јазици - оваа изложба, навистина непотполна, сепак беше еден од најопсежните обиди за презентирање на уметничкото совремие во Македонија и понуди доволно материјал за едно такво согледување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Одекнаа во библиотеката звуците на финалето од симфонијата на Бетовен, која авторот ја сметаше како свој музички тестамент за вечен мир, позната како Ода на радоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Остана само името на љубената на првата страница на Климентовата дисертација, на која авторот ѝ се заблагодарува за извршената лектура на францускиот текст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски ја најде и книгата на Џон Д. Принс, Surviving Turkish Elements in Serbo-Croatian, драгоцен прилог во кој авторот се задржува на покарактеристичните фонетски измени на турските зборови во српскохрватскиот јазик и потоа изнесува триста турски збора со превод на англиски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму ваквата перспектива на перцепирање на светот, токму ваквото свето видување на случувањата, е агол од кој авторот го следи “воинственото” патување на двајцата јунаци.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во понатамошниот тек на ‘Медитации’-те (самиот наслов на текстот сугерира текстуалната стратегија да се прикаже како паралела на модификациите кои авторот ги доживува - речениците како реални акти) Декарт го внесува опозициониот термин- поим RES COGITANS.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И тоа е крај на приказната.” (стр. 226) Целта на завршното поглавје е да испита некои од следствата на општата философска позиција која авторот ја застапува во проучувањето на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ќе се обидеме да кажеме по некој збор за секоја одделно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најзначаен дел во првата глава е истакнувањето на двата суштествени моменти на идеологијата, за кои авторот смета дека или се мешаат или бидуваат занемарени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И еве сега „Фајар” во Париз ја објавува и третата книга на Луан Старова романот Атеистички музеј, (Le musée de l` athéisme), во кој авторот ни претставува еден трагичен запис за неколкуте пеколни денови од патувањето во пролетта 1979 година во Албанија на Енвер Хоџа, кога сакал да ја види својата родна земја, тогаш сѐ уште во јаремот на сталинистичката ортодоксија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вториот дел што содржеше мал број записи направени од Едо синот и беа општо земено поинтересни, прво, поради тоа што беа писмено напишани, второ, што беа на едно поосмислено рамниште и, трето, за авторот посебно интересно,што беа израз на потреба да бидат направени, факт во кој авторот откриваше писател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секако можеше да се смета и на друг причини во кој авторот воопшто не сакаше да се впушта.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Книгата е напишана на извонреден начин, во која авторот се обидува на своите собеседници да им даде на знаење дека ги замениле трите религии, својствени на албанскиот народ (исламот, православието и католицизмот), кои биле добро поставени и толерантни една кон друга, со комунистичкиот сталинизам, кој ќе завладее како еден вид нова религија која сакала да го заземе местото на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со голема почит Луан Старова XIX И кога очекував Елен Лејбовиц да продолжи со пишувањето за големите теми од Балканот и Европа, како што тоа беше во нејзиното претходно писмо, кога се задржа на темата на жртвувањето на козите на Балканот и на лудите крави во Европа, кое како синдром го следи човештвото уште од неговите мугри, таа го сврте вниманието на сосем неочекуваното испраќање 50 книги од расказите на Алфонс Доде, меѓу кои беше и новелата Козичката на господинот Сеген, со кој авторот постигна светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Писмата во кои авторот ја внел силно својата личност како да содржат примеси на трансцендентна мистерија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)