кој (зам.) - дел (имн.)

По населувањето, Македонците дошле во допир со староседелците Траки, Илири, Пајонци и др. од кои дел се иселиле, дел загинале, а дел биле асимилирани од Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
„Не не не не не не не. Кој дел од зборот Не е потребно да се разјасни?“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Биле направени сите можни анализи кои делови од хидроцентралата со кои методи можат да бидат уништени.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа пивтија научниците ја викаат Неидентификувано Ткиво, кое може да расте на било кој дел од човечкото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но нервните врски на батката беа блокирани, инфилтрирани и атрофирани, така што мозокот не можеше повеќе да издава наредби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дополнително му се заблагодаруваме и на Здравко Савески, за неговиот придонес при анализата на законите кои содржат одредби за штрајк, без кој дел оваа студија немаше да биде потполна целина. Од авторите
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Мислев, паметиш, дека по наредба на Ѓурчин мојата група замина кон рударската населба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од Бањи до кај вас, горе, патот ем се витка ем се качува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ја имам запикасано и сликата по борбата зад Сина Скала иако не сум сигурен кој дел од единицата преноќил кај неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но ти не присуствуваше на таа расправа и кој знае кои делови од приказната втасале до тебе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Според тоа, кој дел од јазикот поважен е: зборот или гласот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас ја препознавав нејзината помисла на смртта по онаа грижливост со која дел од луѓето кои гледаат како им се ближи крајот се однесуваат кон оние што ќе останат по нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веќе не помнам во кои нејзини зборови ја откривав нејзината ненаметлива грижа за мене, за она што ме очекуваше во животот, но помнам дека при секоја од тие средби ја споменуваше Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се умирало и веќе се немало сили да се копаат гробови: откако се договориле уште во Лесново да се здружат, тие и сите во Кукулино во дваесет воденици, требало да се мисли и да се предвидува дека дел од маката на живите ќе станат и гладните детски усти на некои од загинатите, бездруго на Јане Крстин, Пеце Дановски и Борис Калпак, а најмногу купот штури наследници на килавиот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, селаните од Кукулино, по душа и безбожници и многубошци, изнашле дека со една воденица, сеедно на кој дел од Давидица, Али-бег и неговите луѓе лесно ќе се расправат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Преку ноќ биле обесени црниот просјак и крадец Циганот Рамо и православниот арамија Невенко од кого пропиштело сѐ живо, некрстено и крстено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, пред тоа, исто толку и потоа, срцето на Европа, опиено од музика и во чипки, католичко или православно, ту рамнодушно за туѓа судбина ту со свои сметки самото да ја држи под узди таа судбина, сеедно во кој дел од континентот да го отчукувало времето на мракот, не ќе го запрело ни за миг броењето на миговите дури и болките на сиот народец од Македонија да се слеале во еден крик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа зареваа сирени од сите страни на градот. Далеку, веднаш не можеше да се определи од кој дел на границата, татнеа топови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Збунето реков: - Не знам во кој дел на светот се наоѓа рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Тогаш кој? Од пазуви или некој џеб зад брадата Водомар извлече кристална тегличка и ми ја покажа. - Што е тоа – скакулец? – прашав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Богдан гледајќи како се витка гола и како се умножува во огледалата, му стануваше уште поубава и поопчинувачка; не знаеше на кој дел од нејзиното тело побргу и повеќе да му се изнагледа и изнарадува; му се чинеше како првпат да ја гледа, како да не е таа Марија, ами некоја самовила што маѓепсува и излудува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Југославија, со своите делови кои биле под Османската империја (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија), но и под империјата на Австро-Унгарија (Словенија, Хрватска, Војводина), можеби повеќе од било кои делови на Европа и светот, опстануваше во жилава инерција, се метаморфозираше, понекогаш се обновуваа рецидивите на синдромот на јаничаризмот, на невозможните манипулации на монархистичката, републиканската или идеолошко-тоталитарната власт со идентитетот на човекот кој живееше во различна јазична, етничка, верска, идеолошка и друга заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не се знае точно во кој дел на светот го дочекала последниот свој час Рубина Фаин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Далеку, веднаш не можеше да се определи од кој дел на границата, татнеа топови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А над сето тоа, сосем анонимни, беа раководните мозоци кои ја координираа целата работа и ги утврдуваа основите на политиката од која произлегуваше кој дел од минатото треба да биде зачуван, кој да биде фалсификуван, а кој да биде избришан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го прашав да ми објасни како се прави тоа, но тој ми рече дека е навистина опасно и дека ќе ми каже само еден дел од сето тоа, бидејќи ако згрешам, ќе завршам како него“. „Па, кој дел ти го кажа?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се знаеше однапред кому кој дел му припаѓа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Врз кој дел од покривот?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во кој дел од животот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој знаеше во кој дел од шумата има мајмуни и се надеваше, ако не татко му, или мајка му, дека било кој друг мајмун ќе го прибере.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не се знаеше дури ни тоа од кој дел на Русија потекнува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И во кој дел на Русија останале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Из шестој части землји. Од големата Русија!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- „Има ли моменти од животот би ги петрифицирале, скамениле, кој дел од животот би го секцирале или избришале со гума за бришење?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сето тоа не допираше до Д кој занесен гледаше во којзнае кој дел од светот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Гледа скришум кон рововите и знае што мислат тие таму и кои делови од нејзиното тело ги гледаат и ги голтаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)