кој (зам.) - дете (имн.)

Станува збор за расказот „Шуга“ во кој вели: „Тоа е една многу стара игра во која детето што нема среќа, ги брка другите деца обидувајќи се да ги допре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Впрочем, постојат и неколку евидентни докази - фотографии на кои детето блажено се насмевнува во мајчината прегратка, а зад нив, цврсто се надвисил... Тој, Споменикот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ретко кои деца тогаш имаа можност да одат со своето семејство на летување на езеро или море.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тука е и олукот што ги исфрла полумртвите или само зашеметени пајаци, и лавабото (шолјата, лоша илустрација) во кој исчезнуваат тие неколку бубачки со кои детето си играло, трупајќи ги врз хартиените бродови и мерејќи колку долго можат да бидат под вода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Петте гуски, не распознавав веќе која е мајката, а кои децата, луто загракаа и почнаа кавгаџиски да ги издолжуваат шиите штом натрапникот се наближи до нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Заоѓате, се заборавате – строго ја прекори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ви велам, мора да се знае кој е родител, а кој дете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И затоа, богати стаорци, државо, Сорос, господа пиљари, велетрговци, социјалистичко-феудални директори, големосопственици, нафатирани комунисти, сите вие што купувате трети и шести станови и коли и кои децата, ко африкански министри, ги праќате надвор од ужасов да владеат ко најсупериорни дембели кога процесов на заглупување и пауперизација еден ден ќе се слегне -... ма глупости, ништо.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Идат луѓето и што им се фатило за рака водат: кој дете, кој коза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За кои деца?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имаше и големи црвени печурки на кои децата седеа наместо на столчиња, а во средината на дворот се синееше мало езерце од кое децата црпеа вода и ја пиеја.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој јавно се восхитуваше на начинот на кој децата „чкртаат и размачкуваат исто толку спонтано како што и зборуваат”, иако неговата публика не го делеше истиот ентузијазам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Имам еден портрет нацртан од едногодишно дете” - пишуваше во својот есеј 1945. година; „Едното око е црвено, другото жолто, а образите париско сино.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Учителот ќе најавеше кои деца ќе настапат а потоа повторно хорот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По секоја претстава ѕвонеше дома и безнадежно чекаше Марија да се јави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На првата забава, на која децата беа маскирани во кенгури, мораше да го прескокне главниот трик со невидливите риби, зашто не можеше да го изведе без нејзина помош.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ни автобус ни тролејбус ни такси ни кола ни мува*** ништо* само снегулки како инсекти околу уличните сијалици кои некогаш светат а некогаш не*** но сеедно* снегот заземјен сјае на дното на небото како фенер на импресионистичка слика*** тишина* и траги од волци на планината * а овде и сега само очи зад прозорските монитори** '140 помножено со 140 * термопан* рамен екран * 1024 by 768 pixels * 20-20 vision * Филипи * соседи итн. итн. некој родител впрегнат во санка со која управува дебело дете снегот длабок и бел* влажноста идеална за грутки со кои децата се груткаат сѐ додека влажноста на алиштата не стане идеална за стап*** а потоа молк* вонземен и вонградски* лебдење како снегулка и паѓање и топење на дланката на перницата во апаурински сон од 5 милиграми * * * Ни чувство за време ни интерес како на планина во дрвена куќичка со дрва за огрев во визбата и со пес чувар кој не лае без причина * * * сè е замрзнато но така мора да биде сè е бело но како поинаку да биде тополите се високи и се први на удар баричките се смрзнати и велат: судар *
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Се престрашувам, па му велам: - Со пиење не се враќаат децата, му велам, ако ти е за децата. - Какви деца, вели, кој деца?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)