кој (зам.) - елемент (имн.)

Постои некаква имагинарна рамнотежа, некакво согласје, можна хармонија, меѓу законитостите во природата и социјалните законитости и историјата, кои најчесто ги доведува во прашање човекот со своето однесување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сонот си дозволува слобода било кој елемент да го прикажува преку неговата спротивност во полето на желбата (Wunschgegensatz), така што, на прв поглед не се знае дали некој елемент е спротивнотворен, позитивно или негативно содржан во мислите на сонот.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога анонимниот уметник ја оформи оваа картонско-лимена реклама за бои, тој потсвесно посегна по елементите од колективната потсвест која сите ја имаме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да се обидеме да утврдиме кои елементи на рекламава толку ја поттикнале потсвеста на Duchamp за тој да посака да поседува толку банален примерок на рекламната вештина?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кој не го познал искушението да биде прв во државата нема да разбере ништо од политичката игра, од волјата да ги потчини другите за да ги направи објекти, нема никогаш да открие од кои елементи се состои уметноста на презирањето, ќе забележи Емил Сјоран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)