кој (зам.) - мисла (имн.)

Си мислам, а не знам која мисла од каде ми се пријавува, од каде ми се прикажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
— И на тоа се сврши денешниот разговор меѓу мајката и ќерката, на кои мислите им беа едни, а само зборовите други. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка не заспиваше лесно. А кога ќе ја фатеше дремката, таа, на секој шум, веднаш, небаре притеснета од не­која мисла од која бездруго морала да се ослободи, со друга вистинска мисла се сепнуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во согласувањата меѓу особеностите на работата на сонот, истакнати на почетокот на овој текст, и оние кои истражувачот на јазиците ги откри во праксата на најстарите јазици би се осмелиле да видиме потврда на нашето сфаќање за регресивниот, архаичен карактер на начинот на кој мислите се изразуваат во сонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)