кој (зам.) - цена (имн.)

КИРО: Му кажав која цена ќе мора да ја плати. Око за око, брат за брат, сирење за пари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во текот на секој месец тој макар еднаш наминуваше кај Петрович да поразговара за шинелот, каде е подобро да се купи сукно, и во каква боја, и по која цена, и иако по малку загрижен, сепак, секогаш се враќаше дома задоволен, помислувајќи како најпосле ќе дојде време кога сето тоа ќе биде купено и кога шинелот ќе биде направен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Реши по било која цена своето истражување да го круниса со успех.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прашај се која цена јас ја плаќам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се сеќавам на еден фрагмент од еден од многуте разговори со Јасер Арафат, кој беше индикативен за метафората на кривата на владеењето: - Најсреќниот ден во животот? - Јас сѐ уште не сум го доживеал...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му пишувал на својот пријател дека власта што се освојува никогаш доброволно не се напушта, по било која цена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- А кој би можел да биде? - Се разбира враќањето во Палестина! - Но по која цена? Дали е тоа можно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мачно е, сине, да се предвиди, која нова империја ќе надвладее на Балканот. И по која цена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)