кој (зам.) - мирно (прил.)

Плус нејзината ќеркичка која мирно спиеше во собата само два метра оддалечена од нив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со еден мал дел од својот мозок се обиде да ја премости бариерата, да се провре, да најде проѕирка и да стаса до човекот кој мирно уживаше во сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го поминувам попладнето пиејќи Bloody Mary и лежерно играјќи топка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зјапам во очите на луѓето околу мене кои мирно го издржуваат моето испитување. Никој не вели ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во утринската виделина се избиструва силуетата на стражарот кој мирно чекори пред банчината зграда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како да се наоѓав повторно во оној натпревар со времето и тоа во деновите кога не ми беше тешко да ги прескокнам и највисоките плотови. (Иако и подоцна, додека растев, па дури и сега, кога ме сметаат за возрасен, не спаѓам помеѓу покорните кои мирно остануваат во аголот каде што ги испратил животот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на ретките поединци неупатени во овие промени им потврдувам дека веќе и јас не се одлучувам тукутака на необмислени постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно е дека времето за летање ме има одминато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги паметиш ли минувачите со смешни шапки кои мирно се наклонуваат допирајки го врвот.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Трагичното се состои во самото доживување на животот како бесмислен, а не во начинот на кој се искажува тоа доживување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кои мирно и тивко го доживуваат постоењето како трагично.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)