кој (зам.) - наутро (прил.)

Секое време си има месечина со облик на срп како што си има и спотнати грла кои наутро викаат ли викаат: старо купувам, старо купуваааам!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во осаменоста им се предаде на овдешните слатки ликери од кои наутро се верува дека главата ќе се распрсне на парчиња, потоа врз мантијата на очајникот ќе легне прав, невисокото чело и брадата, дури и големите пребели заби, ќе се заборават - новата власт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имам и еден раководител на машината, мешлест човек, кој наутро ја пали, а навечер ја гаси. Другото време, со гол стомак, лежи под сенката на сливата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)