кој (зам.) - повремено (прил.)

Ако наоѓаше некакво олеснување, тоа беше во работата, во која повремено можеше да се внесе заборавајќи на себе и по десет минути без прекин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мирисот веќе ја исполнуваше собата, богат топол мирис, кој му се чинеше како испарување што доаѓа од неговото рано детство, но, со кој повремено се среќаваше и сега, додека се ослободуваше таинствено во некоја улица полна со луѓе, почувствуван за миг и повторно загубен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, авторот на овој текст го гледаше Девојките од челзи со тон кој повремено е репродуциран од двете ролни истовре­мено.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На пр. Тејлор наведува дека при снимањето на Девојките од челзи ролните звучно се репродуцирани една по друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еднаш на шега му соопштив дека уште малку ќе почнам да го гледам како да ми е брат со кој повремено се гушкаме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рада, која повремено му влетуваше во мислите, не ја бараше. Но, и не ја заборави сосема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Којо Пипиле го викна лекарот кој повремено доаѓаше во селото да го види Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој е навистина машина. (...) Постои хардвер, физичка машина којшто е предизвикана да отвора и затвора електрични кола на посебен начин со шема од битови кои повремено пристигнуваат во неговите влезни единици.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Предната врата од левата страна на комбето беше отворена и крај неа стоеја двајца униформирани полицајци кои повремено погледнуваа на другата страна од улицата, кон влезот на нашата зграда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема трепереше. Беше бледа, студена и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Навистина, еден или двајца од нив имаа елементи на поезија, во начинот на дотерувањето и во своите карактери, кои повремено се откриваат во сликовити фази, со свежа и оригинална реакција кон нешто.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури и жените со кои повремено имаше однос.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Перидот од 30 г.пне. до крајот на III век се карактеризира со подолг период на мир во Македонија кој повремено бил нарушуван од упадите на соседните племиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Разумот ги пробива силите кои повремено успеваат да влијаат на мојата свест.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Околу мене се книгите, некои отворени, со белешки на маргините, други затворени, како затворени куќи од кои повремено допира некој глас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Околу мене се книгите, некои отворени, со белешки на маргините, други затворени, зар не реков веќе, како затворени куќи од кои повремено допира некој глас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Са ноќ слушаш како доаѓа и се враќа, во еден ритам кој повремено ти се губи како ритмичното чукање на часовникот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Освен трнливи ниски растенија и по некоја тревка меѓу белите камења испукани од сонцето и кои повремено ги мијат дождовите, нема ништо што би давало малку зелена боја.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука, покрај Густав Климт, седеше неговата две години постара сестра Клара, која повремено, сосема неумесно за салонот, грубо го удираше со лактот, го прекоруваше, а тој се правдаше дека неговото однесување е дел од слободата која му е потребна на секое човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа му велеше дека начинот на кој се изразува не покажува дека е слободен, туку дека ги презира жените, дека им се потсмева и ги понижува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)