кој (зам.) - повторно (прил.)

Доброто велат секогаш кратко трае по интуиција па токму кога помисли дека се решени сите негови проблеми, се случи ненадеен крах кој повторно го загорчи неговиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во дискусијата што следува, поради просторната ограниченост, ќе се концентрирам главно на оние прашања кои повторно воведуваат и генерираат алтернативни историски нивоа, значи, тие прашања се историзација на “посебните излези”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прашања од нивото на акција Прашањата од нивото на акција можат да се однесуваат на минатото, сегашноста и иднината, и се ефикасни во воведувањето на алтернативни нивоа кои се протегаат низ овој временски домен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Има некои места кои повторно би сакала да ги видам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Плод кој повторно ќе дари плод кој за навек ќе ја држи дијалектичката врска меѓу љубовта, раѓањето и опстанокот на светот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не постои закон кој повторно ќе ти го врати назад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Паѓајќи, успеа да го види стражарот на оградата кој повторно пукаше во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледав како прв пат да ја гледам: нозете ѝ беа необично долги и складно пополнети, со правилни облини кои повторно го раздвижија кај мене за миг замрениот механизам; првин морници ме полазаа по снагата, а потоа бран топлина ме облеа, како плиснат пламен од градите кон лицето, на челото, по темето; се испотив и речиси во истиот миг потта ми олади, се здрвив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овде станува збор за временски концентрат на творечки манифестации - досега укажавме само на врвовите кои повторно ќе ги сретнеме, во еден забрзан след од лудило и пресметаност, дури во генерацијата родена меѓу 1880 и 1890-та.* Margina #26-28 [1995] | okno.mk 217 okno.mk | Margina #26-28 [1995] 218 Margina #26-28 [1995] | okno.mk 219
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се враќам на саботерот, во крупен план, кој повторно гледа десно пред себе, со блага насмевка на задоволство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој му припаѓа на оној вид убијци кои во себе ја чувствуваат задачата на уништувањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имено, тој веќе имаше добиено испратнина од осум плати, во висина од 245.472 МКД (4.025 ЕУР), но беше оштетен за над две и пол илјади евра кои му следуваа, но не му беа пресметани и исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужениот „Кјуби“, кој повторно го изгуби спорот, незадоволен од ваквиот исход –  пак ја обжалува пресудата пред битолска апелација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој втор основ на тужбеното барање го темели врз правото стекнато преку Колективниот договор во кој се вели дека работникот има право на отпремнина од 12 месечни плати, иако според Законот му 266 следува минимум осум плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Импулсот за раскажување на страдањето е средишен мотив за наоѓањето на гласот низ, со кој повторно се зема во поседување и се обновува чувството за конкретност на личното искуство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Измислените и завиени рани ја артикулираат психо-физичката болка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Има секогаш четири учесници (и од Универзитетот) и на крајот од емисијата, секој за две-три минути накратко изложува (отаде зборот накратко кој повторно ќе го нагласам) некоја состојба којашто особено го обележала или содржина на книга која би сакал да им ја препорача на слушателите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите овие народи се претставени како една голема салата и по распадот на Југославија и војната на Косово, кои повторно ги реактуализираа, се слуша често како се вели дека се работи за дивјаци кои би требало да се остават меѓусебно да се истребат зашто за тоа се создадени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога нашиот национале Бернар Кушнер ја изразува својата нестррливост и својот очај пред сведувањето на сметките на различните заедници на теренот со кои се соочува, тоа е исто така нормално; но има и други позначајни работи отколку да се испраќаат емисари да трагаат во регионот, има таму и неколку мудреци кои ги минуваат нивните животи во читање и медитација на импресивен збир книги, меѓу кои и Библијата, Талмудот и Куранот... и кои на нивните деца им даваат пример на достоинство и благородност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По романот Атеистичкиот музеј, на кој повторно се навраќаше во писмата, овојпат понагласено под нејзината читателска лупа се најде Времето на козите и периодот и настаните што му претходеа на пишувањето, поврзани со актуелноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше задолжен од таткото на нацијата да го воведе мултипартискиот систем, на начин на кој повторно би доминирала бургибината Дестур партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со истиот ЗИДЗРО (2008), во оваа сфера беа усвоени и следните четири промени: •  прво, се заостри санкционирањето на работодавачите кои повторно вршат незаконитости, со тоа што ако работодавачот ја повтори неправилноста (притоа се мисли само на работењето непријавено лице) – ќе му се изрече мерка забрана за вршење на дејност од една до пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сакав да дознаам нешто повеќе околу организацијата на натпреварот, како, на пример, кој ја бира комисијата, колкучлена е, дали има претседател и дали сите куќи се предмет на испитување, но мислите ми ги прекина гргорот во цревата, кои повторно ми се разбудија, потсетувајќи ме на мојата стара тежина, којашто тукушто требаше да добие ново засилување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со шамија и со престилка дочекува гости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кафето ми ги размрда цревата, кои повторно почнаа да брмчат, овојпат подлабоко и поалармантно од преѓе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас ли бев тоа говедо? Се запрашав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таквата визија содржи “негативен” аспект, врзан за “минималистичкиот простор на опстанок”, како и “позитивен” аспект, во кој повторно се воведува некаков тип трансценденција и чувството “дека се почнува од почеток, од нула, вклучувајќи ја тука и реконструкцијата на јазикот и комуницирањето” (Ричард Фалк).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го прегрнувавме сите по ред, како да ни беше една цела загубена земја, која повторно ја откривме и сега засекогаш се оддалечуваше од нас.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Рационалниот консензус постигнат преку отворена и слободна дебата е заменет со фабрикуваното мислење Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 140. 98 Ibid., p. 176. 88 од анкетите и експертите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во овој процес на „повторна феудализација“ на јавната сфера, „јавноста ја губи својата критичка функција за сметка на инсценираната претстава; дури и аргументите се преобразуваат во симболи на кои повторно не може да им се одговори преку спротивставување, туку само преку идентификација со нив“.99 Во модерната верзија на „репрезентативната јавност“ од ерата на феудализмот, кога јавноста повеќе беше „статусна одлика“, „не за, туку ’пред’ народот“100 (каде кралот се претставува себеси пред публика, како единствената јавна личност, додека сите други се само набљудувачи), во капитализмот на социјалната држава политичарите и организациите се претставуваат себеси пред гласачите (како набљудувачи).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)