кој (зам.) - речиси (прил.)

Со текот на времето старото градско население, особено жителите што беа под ударот на „класната борба” и на кои речиси сѐ им беше одземено од новата власт, први се спријателија со козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.  Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓу нив е Унгарскиот кој речиси се загубил меѓу овие колоси.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Има, например, овде еден таков кој речиси целосно се распадна, но еднаш за некои шест недели тој сѐ уште ќе каже еден збор, секако бесмислен, за некаков си бобок: “Бобок, бобок” - но и во него значи, животот тлее како невидлива искра...“ okno.mk 157
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ е сконцетрирано, според него, во сознанието и продолжува уште два или три месеци... некојпат дури и половина година...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Полека, нога пред нога, Јана го следеше движењето на двајцата млади од кои речиси претекуваше животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во една од студените вечери додека го пиеја чајот со рум, Јана прва ја начна темата која речиси два месеци висеше во воздухот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му ги слушна и зборовите кои речиси нечујно ги изусти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На средината како бајрак стрчеше стариот ѓерам, од кој речиси и со рака можеше да се црпне вода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Регулатор на нејзината тежина најверојатно беше рибата која речиси секојдневно беше застапена во нејзината исхрана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И точно сред лето работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во првобитните белешки кои грижливо ги препиша во Boite Verte, тој ја истакнува, иако несигурно, потребата за „конкретизирање на редимејд-от“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Продолжуваше судбинскиот, комплексниот егзил со кој речиси бев генетски предодреден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во нејзината душа гаеше еден сон, кој речиси никому не му го доверуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во распоредот на неговите книги можеа да се наслутат патиштата кои ми ги беше одредил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја наследував татковата судбина - станував и јас на нов начин победник во поразите, низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но младоста на секого има свои импулси кои речиси никогаш не можат да се диригираат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Претпоставуваше дека на Балканот му се неопходни таквите прометеи на духот, кои речиси сите беа обземени од јазичната мистерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бидејќи секоја од трите супер-држави е неосвоива, секоја од нив е практично засебен универзум, во кој речиси секакво искривоколчување на мислата може да биде безбедно практикувано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зад себе слушна тешко дишење и тап звук и тој доби жесток удар по глуждот од кој речиси загуби рамнотежа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А денес, тоа е начинот на кој речиси сите работат. Дали таквата улога ќе биде релевантна за сите сорти на уметници?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Синовите, кои речиси и немаа видено како Татко ја бакнува Мајка, помислија дека тоа го чинат поради среќното поминување на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој, не само поради своите поодминати години туку и поради некои други причини кои речиси засекогаш ни останаа непознати, како да сакаше несетено и засекогаш да нѐ одврати од мислата за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се сеќаваше уште на зборовите на Игор Лозински, кои речиси за душа му се залепија, му беа блиски небаре се работеше за неговиот живот: ,,Ние силно страдавме, можеби страдањето во извесна смисла е слабост, но во друга возвишена смисла е храброст.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А немаше ништо понепостојано, понејасно, позагадочно, подвосмислено од напишаната балканска историја, величана секогаш од новите пишувачи - победници, кои речиси никогаш не се надоврзуваа на претходните, туку секогаш почнуваа одново.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За Филип Д. настанов беше само интересна тема или поточно добар потег на умешен маркетингшки претставник кој и во овој случај го беше искористил методот на соблазнителното поткревање на завесата зад која речиси ништо не се наѕира.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во блиската и доверлива атмосфера, Орхан од својата голема кожна чанта од којашто никогаш не се одвојуваше ни ги покажа големите по формат тетратки, на кои речиси со калиграфски ракопис ги испишуваше своите книги, со кои веќе постиgнуваше светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Капавица напладне прокапуваше одвај само од оние страни на куќите во кои речиси и дење и ноќе гореше оган.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Наспроти него, кој речиси и не се помрднува од масата во дневна, што ја има претворено во работна маса и постојано нешто чита и пишува, татко ми е вистински скитник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дома не беа ни татко ми, ни мајка ми, па морав сама да пробуричкам низ нивните фиоки за да ја најдам адресата на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)