кој (зам.) - тука (прил.)

Сите кои тука се доведени, се родители на дезертери. И ти си родител на дезертер.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Баба му, ниска и подгрбавена старичка, излезе на вигната и првите партизани кои ги сретна, ги праша: - А бре, ченда, кој тука ви е големио?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето во Париз, оние обичните, со кои тука се среќавав, беа окупирани од мислата дека ќе има мир во Виетнам...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Уј бев на гости кај мојот сонародник Драган Христов, кој овде толку се натурализирал што и не се разликува од луѓето кои тука се родиле и тука живеат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постои еден прочуен случај врз основа на кој може да се аргументира дека повикувањето на интенционалните концепти од оној вид за кој тука станува збор, е иредуцибилно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поентата која би сакал да ја нагласам е дека во споредба со интенционалистичкото гледиште, експланаторната моќ на обете опции до извесен степен е намалена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како лулка, како сигурносно легло за ветрот, кој тука се одмара, тајна заштитничка лулка, неоткриена тајна од човековите очи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, се послала само непрегледна црна ораница која тука и таму беше ишарана со зелени сеченици на веќе подникнатото жито.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За тоа има неколку причини, од кои тука, во една пријателска “исповед”, ќе набројам неколку: Јас пред сѐ сум работник кој работи со материја, т.е. ја рециклирам материјата во енергија - артефакт и интеракција.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се изградиле нови келии за испосници кои тука го проведувале испосничкиот живот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Долж патот, крај морето, останаа камионите со кои тука не донесоа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И одеднаш ме зароби прашањето – дали тогаш, во тие години, кога тука нашите биле, имало православна црква среде италијанската воена база, а би требало да има католичка, или од некого е градена подоцна за спомен на тие кои тука битисувале?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како и во претходните денови, така и сега бараме траги од минатото на тие, кои тука беа доведени и сместени во напуштените бараки и касарни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мачно ми е кога слушам – ние Егејците вака, ние Егејците така; слушам се јадат меѓу себе и со таквото име како да се делат и од нас кои тука велиме дека сме Македонци...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие, кои тука останаа, велат и повторуваат: нашите да не бегаа преку граница, сигурно нивните куќи ќе беа поголеми и поуваби.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Алиштата со кои тука дојдовме од дома, беа летни и ни се искинаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)