којзнае (зам.) - колку (прил.)

Она што јас би го предложил е да постапиме како извесната Окереке Онике, претседателка на организацијата „Африканците за Обама“, па да собереме, иако населението кај нас не живее којзнае колку подобро од она во Нигерија, пари и да ги донираме во проектот на американските и англиските научници - произведување на невидлив плашт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Всушност не беше којзнае колку интелигентна, но парите од татко си го сторија своето.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За чудо, тоа на Џулија не и изгледаше којзнае колку непромислено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се фалеше тој како да има којзнае колку пари, ми го покажуваше прекрасното кремасто одело што го носеше, дури го соблече сакото и го сврте од внатрешната страна за да ми покаже која марка е, не се сеќавам сигурно но мислам дека беше Армани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Така и сега, којзнае колку време откако бате Јоле излезе надвор, Ѕвезда беше се загледала низ прозорецот и одеднаш, како да ја фркна нешто туку извика некако сама за себе: - Талеле, што е она?! - рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не паметев којзнае колку, но ги паметев главните знаци, транскрипцијата и изговорот и значењето на многу архаични зборови со старословенски корен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додуша, по нешто и контам зашто знам дека муабетот и не му е којзнае колку содржаен, па сигурно ме кани да јадам и да спијам со него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
До пладне имаше уште неколку задачи за вршење, кои не беа којзнае колку итни, но кои во секојдневниот живот во колибата мораа да се свршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Којзнае колку време одев така ко заборавена, што се вели, ко испадната од некој вагон на возовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае колку дена беше се криел таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше уште потежок кога го отвори сандакот, каде што си ја држеше храната, и кога откри дека ја нема уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана на своите ветки, полн со некаква ситост, што не можеше да ја зачува којзнае колку долго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прогонуваа една со друга толку спокојно, и надоаѓаа во неоретчени налети, како горе да ги имаше уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но и за сето тоа, за покренување судска постапка, преку меѓународен суд, којзнае колку пари се потребни. Мора прво да најде работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таму, на пожолтената слика на целото семејство направена пред којзнае колку години, важно пред повеќе од половина век, на некој празничен излет, е тој, дете со црни, тркалезни љубопитни очи, во доколенки и куси панталони со платка и прерамки, припиено до мајка си.  „Ова е брат ми, ова другиот брат...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Којзнае колку им беше тешко на нашите девојки, на тие малечки пупки што токму заврзале.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Којзнае колку пати опомена: - Нова Годино, кралице на благогласините, не гледаш ли дека доаѓаме до големиот свет и оти во нас се насочени милиони љупопитни погледи!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели облеката не го прави човека?“, ми се руга татко ти со некои мои излитени зборови што којзнае зошто ги присвоил, и шашливо се смешка, како да смислил којзнае колку голема шега.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Моето пријателство со стрико ми Ото почна прилично рано.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мудрите луѓе од нашата фамилија тврдат дека стрико ми Ото не влијаел којзнае колку добро врз мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Којзнае колку лошо го има удрено студот, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И којзнае колку време сум се тепала, така, кога сетив дека некој ме крева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае колку солзи истекоа, цело поле го навадив со солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)