којзнае (зам.) - како (сврз.)

— Слушаш, Оливеро? — Слушам, вели Оливера Поточка, ама којзнае како е...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)