ме (зам.) - боцка (гл.)

Тие ме боцкаат под гушата, ама пак не ме колат. Јас само чекам да ги брцнат штиковите, да ми го прекинат јадот, маките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А само јас знам што ме боцка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко топка грмотрн се тркала и ме боцка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Погоре ќе речам друго: нешто ме набива на петицава, ме боцка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ВТОРАТА ЖЕНА: Затоа што сите ние, нејзините деца, бевме психички тормозени од нејзините секојдневни закани за животот, мажите и сексот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Ќе ме боцкаат, знам дека ќе ме боцкаат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)