ме (зам.) - грее (гл.)

Широко ги отворам очите, моите драги, со насолзени очи и топли насмевки ме греат.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Наутро, на лето, го прибирам сонцето и топлото од дворот и ќерамидите, навечер и преку зима да ме топлат, да ме греат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во дворот среде гумно, имам цвеќе подабиче што ката година ми цуте, што ме грее и ми ја лелее душата, ми ја крепи снагата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Моите три... еднакво на мир Наутро отворам очи покрај моето сонценце, на пладне ме грее насмевката на ангелот мој, навечер ме заспива смеата на месечината.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш видов до кај се искачило сонцето и од која страна ме грее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму по полето барем сонцето ќе ме грееше, а овде и тоа е зајдено за мене.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еден џемпер да ме грее, кога ми студи, сив како небото на првата книга од која ноќта надојде како река, кога ми се стемни.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)