ме (зам.) - доведе (гл.)

Во овие тесни улици на „Сен Мишел“ бев со еден ој пријател кој намерно ме доведе овде за да се нагледам париски бизарности и да го почувствувам Ориентот во француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа ме доведе до заклучокот дека црните луѓе не се појавуваат за да се истакнат и за да се наметнат, туку нивната цел е да се слеат во она што се нарекува сивило или секојдневие така отворајќи му пат на нов, поинвентивен бран на црни луѓе кои по неодредено време пак се појавуваат како предуслов за скршнување на животот во уште полош правец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Патокази кон тебе ме доведоа, тоа не е пат до пеколот, Игра на животот во сложувалка наредена, зошто ова парче црна кал, сѐ уште како во твое време е навредена.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Почит само чувствувам за твојата мака, почит бескрајна кон таа рака, што тука ме доведе, кај што сум.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Еве, и јас се прашувам што ќе се случело?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и прашувам, вели, што ќе се случеше случајно ако заѕвонев?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чувствував таков притисок, ми објасни, и во еден момент ваквата намера ме доведе речиси до неговата врата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А пак приказните на Огнена Гулева, дека низ моите одаи прошетале многумина... ме потсетуваат на снегот: напаѓал напаѓал а по него безброј траги, но само до утрината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но ако не бевме и двете токму тоа: (недоразбирања што се движат едното спроти другото), кажи, каде тогаш ќе се сретневме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И да ти признаам, (барем тоа можам): љубопитството ме доведе и на твојот погреб, иако, знам, дека дури и самото мое појавување овде и во овој час ти го сметаш за некоректно па дури и непристојно со оглед на некои од нашите поранешни среќавања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов очигледно не беше спремен да ги прифати ваквите мои размислувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше книгата што ме доведе на патот за безбројни средби со многу и многу книги.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не ни помислував кога почнав да го гледам спроведувањето на терапијата како разговорна активност, дека тоа ќе ме доведе до задлабочување во современата философија (de Shazer, 1991).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова, исто така, било скриено на површината на нештата додека терапевтите, под влијание на нивните научни рамки бараа нешто длабоко и скриено.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
До сега, два часа откога ме доведоа, морам да признаам дека Хорацио е роден болничар.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И еве до каде ме доведе таа моја права линија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не, сестрице, и реков, мене овдека Јон ме доведе и одовде само мртва можат да ме изнесат. Кога ќе ми дојде редот, ѝ реков.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речете му на Свети Аранѓел да ме доведе кај вас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да сфатам како и кога, сета таа магија ме крена на нозе и ме доведе до прозорецот над кој мајсторот се двоумел дали да ѝ отвори пат на светлоста или да остави отвор за огњарка, тајна надеж дека со пушка ќе може да се спротивстави на арамии или насилници со чалми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Севкупното сознание за мојата животна грешка, која ме доведе до слепа уличка, се состоеше, зачудно, токму во неизвршувањето никакви злосторства.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Врвицата по која движев ме доведе до рид, на кој, овде- онде, созреваа капинки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Вие ме доведовте во ваква состојба.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа фрустрација, дека описот на случката на другите луѓе е далеку поограничен од вистинското доживување, ме доведе до оваа технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако ме доведоа во болница Џерард отишол по мајка ми и во текот на целата ноќ тој и Вива биле со неа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Госпоѓа Хаџиевска ме доведе овде кога почукав на нивната порта, велејќи дека било исто како да сум почукал на вашата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Значи кој бев јас и која беше вината што ме доведе овде?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Веројатно слушна за нашиот Бел Корпус во Белград!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мене ме доведе кај тебе важно дело, дарагој Семјон“, вели тој и веќе се гледа дека однапред му се радува на учинокот на својот вовед.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Еј, што убаво маче, - прокоментирав за да ја скршам тишината.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пребројав колку чинии месо и компири сум изел - тоа беа две и половина - затоа што ме доведе во заблуда навистина да не сум јадел малку.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако убаво ме избакнува и ги натера и двете деца да ме бакнат по неколкупати во образите, ме доведе во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На тетка Олга ѝ се збрчка носот од миризбата што ја заплисна, иако се обиде да не го покаже тоа, а потоа претпазливо ѝ се приближи на полната шолја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се облеков и ме доведоа пак кај иследниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како ме доведе, господе, во оваа светска плукалница, во што ме замеша, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И знаеше како до тоа да ме доведеш. И ме поведе за последен пат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мене ме доведува до лудило брат ми за еден милиметар да ми помести нешто што е врз неа, а не пак да седне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мојата хиперсензитивност знаеше во многу моменти да ме доведе во крајно непријатни ситуации.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)