ме (зам.) - дочека (гл.)

- Некако во последно време сѐ поретко ме дочекува пред прагот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од другата страна ме дочекува операторот на некој синџир на хотели и забавни паркови во Флорида што ми нуди седум дена за само пет дена во рок од три дена.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Тука,- реков, ама тој не ме дочека да му одговорам туку влезе во портата со магарето и детето качено на него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе ме дочекаа другарките и ќе се распрсневме да играме по улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Вера ме дочека во прегратка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во зори, кога сама се спуштам по удолнината, а тркалцата од куферот тракаат по нерамната калдрма, ме дочекува еден џин во ливреја и ми бакнува рака.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Добровечер, кого бараш? – праша тој со строг глас, ама јас знаев од раскажувањата на брат ми дека дедо ми бил многу добар човек и воопшто не се збунив што така ме дочека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има всушност три важни нешта – ме дочека таа во полна форма.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Која си ти? – праша девојчето и застана пред него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Особено ме опседнуваше желбата за Дизниленд и бидејќи знаев дека е таа сосема неостварлива, се ориентирав не кон американскиот туку кон европскиот Дизниленд, што се наоѓа во Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
МЕСЕЧИНА ВО КОСАТА - Ти не си нормална – ме дочека брат ми на врата. – Велам јас, овие те испуштиле од контрола.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, четвртата е што не стигнав да појадувам, па ми се врти во главата – додадов.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не се враќам толку доцна дома, а поголем сум од тебе цели пет години, не пак ти!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Желбата ќе се појавеше одненадеж, кога најмалку ја очекував и ќе ми ги однесеше сите мисли натаму, кон тие непознати земји и градови што ме очекуваат, а никако да ме дочекаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И јас си сакам куќа да си отворам, та кога ќе си дојдам дома да има кој да ме дочека.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И како порачан, кога скокнав, ме дочека на раце.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БОРИС: Дома? Ова? (Пауза) Зошто тој не остана да ме дочека?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За среќа таму се нашол чичко ми и ме дочекал.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Професоре, утринава се случи тоа што сакам да ти го раскажам, ме дочека тој мој сосед Науме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Бреда ми зборуваше за вас“, рече додека ме воведуваше во осветлената, засводена ординација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Проценувачки ме набљудуваше за момент, мрморејќи „да, да“ себе си во брада и тогаш, со помош на медицинските сестри, госпоѓицата Арцибалд и госпоѓицата Сливовиц, ме проведе низ серија тестови кои би збуниле и космонаут.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми рече да дојдам веднаш - истиот ден кога го повикав - и ме дочека на врата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)