ме (зам.) - загрижи (гл.)

Другиот аспект кој ме загрижува е негирањето или недоволното внимание кон смелите експериментирања кои се изведоа во Лондон, посебно оние иновации на границите на уметничките форми и стилови.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Она што ме загрижува кај нејзиното особено користење на Хајдегер е дека некои од поимите што ги избира (“автентичност”, “бидување со”) кај Хајдегер не ја пренесуваат поврзаноста и солидарноста со другите коишто Холандиното присвојување стреми да ги сугерира.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во моментов најмногу ме загрижува Empire State Building и Brooklyn Bridge.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам што ќе се случи и тоа ме загрижува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Многу ме загрижува и очајува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овој контрааргумент ме загрижи, но решена да одам понатаму, го ставив во границата на приближно точно и ова дефинирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Второто кое, впрочем, вистински ме загрижи, беше тоа што копањето не беше стигнато до никаде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А таа, сосема опиена, развеселена, фрли по мене со тетратката и повеќе формално, за одбрана на некаква апстрактна чест (ме загрижи тоа кај Луција: поимот на апстрактната чест), рече: „Свињо безобразна“, и се стрча по мене, а јас бегав; во таа наша игра веќе немаше ништо сериозно, ништо од пред малку, оти кружокот беше завршен, а чудото почнато.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не, братче, неговите итроштини не ме загрижуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас сум млада, па ме загрижува свеста кога се заборава важноста на предците.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Или не станува збор за умот туку за некоја поинаква пројава што се јавува како белег на возраста, на годините?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа најмалку ме загрижува околноста дали некого навредувам или не.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали треба да ме загрижува ваквото непресметливо однесување на мојот ум?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Секое ново сознание е корисно - реков следејќи го бавното оддалечување на иследникот кон темнината во прозорецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секое ново сознание па и заблуда сигурен сум дека води кон разјаснување на случајов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и настаните низ кои минувам не ги сметам за арч на моето или на нечие туѓо време.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа сосема сум свесен дека местото што го заземам, работата што ја извршувам и обврските што ги имам не трпат импровизации и сомнителни постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Слушај, ме загрижува твојата нога.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но во овој момент повеќе ме загрижуваат други поединости - реков загледан во колегата Самоников -.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам, војната и бомбите ме загрижуваат, но обично нема што многу да се направи околу нив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прв пат осаменоста ме загрижи, чувствто на одалеченост, така што возбудено го запрашав Гил: “Сигурен ли си дека ќе можам да се вратам?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)