ме (зам.) - заспие (гл.)

Тивка мелодија во далечините на понорите, виножито помеѓу сонцето и дождот, скоро невидлива силуета на сликар во хоризонтот и бои црвени, бели, сини, боите на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дали сум сега среќен човек, дали во ноќите носталгични и дождливи ме заспиваат сопствените сонови или црни демони гребат по моите перници!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Оди легни си – ми шепна мајка ми – а јас веднаш ќе дојдам да те заспијам. Ѝ бев благодарна за нејзината нежност, а најмногу од сè што ми рече дека ќе дојде “да ме заспие”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова заспивање не е вистинско, како што мајките ги заспиваат малите бебиња, туку е наш заеднички ритуал секоја вечер, кој изгледа вака: јас ќе легнам, мајка ми малку подоцна ќе влезе во собата, ќе седне на мојот кревет, а понекогаш, кога има повеќе време или кога е порасположена, и ќе прилегне, па ќе си разговараме нешто и таа ќе ме гали по грпчето, по косата и по рацете, а многу често и ќе ми раскажува приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)