ме (зам.) - заштити (гл.)

Смири се, ќе ја сочувам недопрена за подобро да ме заштити.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ти се подбиваш со мене, зашто знаеш дека јас сум сираче, дека нема кој да ме заштити!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Определувајќи се за прошетка на непостоечки суштества во измислени времиња и предели таа сметаше дека ме заштитува од грдите привиденија со кои можеби имаше и поблиски средби но не беше спремна да зборува за нив плашејќи се дека може случајно и премногу да ми ги приближи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали тоа значи дека секој од нас има свој сопствен, строго определен пат низ животот, и тој наш пат само навидум се приближува, се среќава па дури и вкрстува со патиштата на нашите блиски?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам зошто но неговото заземање го сфатив и како еден вид порака испратена до мене, а не само укор и осуда кон моите врсници заради нивното неразумно однесување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Професорот Даскалов беше присутен и се обиде да ме заштити.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иследникот не беше задоволен од кусово објаснување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакал да ме заштити од произволните тврдења на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од каде ме познава? И воопшто земено, кој е тој?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Јас би сакал да постои некако спреј, или лек, кој би можел да ги оживи сите драги луѓе, а мене би ме заштитил од умирање, - реков.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми се чинеше дека сум најтажното и најосаменото дете на светот, дека никој не ме сака и нема кој да ме заштитува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во понеделникот пак отидов кај невестата и за малку ќе ме грабнеа за оној училишниот другар од Марена, ако не беше едно друго беќарче да ме заштити.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се сеќавам и на други мајкини поговорки и изреки, ги враќам во животот со нивното неизветвено значење, ме заштитуваат, и многу други на кои не се сеќавам, без нејзиното присуство, како неодминлив штит во мачните ситуации во животот...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)