ме (зам.) - излаже (гл.)

Многупати другарував со ГРЕВОТ со тој бесрамник и подлец знаеше да ме излаже често а јас да му верувам слепо
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Му реков, немој да заборавиш, еднаш ти кажав, те предупредив дека сѐ знам, дека сѐ претчувствувам и не може да ме излаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Често самата со себе си зборувам. Но еднаш ме излажа и затоа и нему веќе не му верувам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зошто сакаш да ме излажеш. Ајде, кажи ми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ме излажаа. Се прават храбри, а фуфкаџии се. Се уплашиле и се премислиле.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Биле во паркот и не ги нашле луѓето, само капата останала на тоа место.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, сепак не ме излажал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И пак им се придружив на децата во играта со топка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никој со погледот не може да ме излаже.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој е професионалец и јас не сакав да го доведам во ситуација заради нашите минати и сегашни релации да ме излаже, не сакајќи да ме навреди!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ме охрабри, ме израдува, ме натажи истовремено... едноставно ми објасни дека целите што си ги поставив не треба да ги врзувам со рокови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Времето е нешто неверно, се буричка, може да ме излаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)