ме (зам.) - каже (гл.)

Можеби затоа достиска да не ме каже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако ме види со овие, ќе ме каже на татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа зборуваше со Заре од Босилеград, за кој претходно ви раскажував, а јас од него и од жена му малку се плашев за да не ме кажат на моите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе ме каже или не ме кажува?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)