ме (зам.) - кутне (гл.)

Токму зинав да му одговорам, кога еден, со многу црвени мозолчиња по лицето, којшто сè дотогаш стоеше настрана, се нафрли врз мене и ме кутна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не давајќи ми веќе да зинам, колку што можеше посилно со своето тешко касапско рачиште ме кутна наземи, во новата прав на пролетта што како пламен никнеше од земјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ме кутна зад една грамада камења и ми ги турка панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми беше малку шубе да седнам на беспрекорно чистиот кауч, но кога тетка ми ми заповеда да седнам, покорно ја послушав, иако забележав дека никој друг од семејството не го прави тоа без да си земе едно од чергичињата чија намена претходно ми беше непозната, да си го постелат на каучот или фотелјата, па дури потоа да се сместат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се занесувам, но потоа со две три тупаници (не мислам буквално ), ќе ме кутнеш на земја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нели ти треба да ме кутнеш, - спокојно рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Летнав наназад - и така, исто како Маци, не успеав да видам кој ме кутнал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)