ме (зам.) - наведе (гл.)

Де сега, кога сам ме наведе на муабетот, да ти кажа и зошчо сум дојден, дури децата не се прибрани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На такво размислување ме наведе неодамна видената претстава во еден од нашите театри - презент на македонската театарска уметност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Е, токму тоа ме наведе да изградам ригиден став по однос на бројот на присутните на некоја граѓанска или црковна церемонија и нивното влијание на одредувањето на степенот на вербата односно верата во недостижното.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Токму тоа читање ме наведе, на петнаесет години колку што имав тогаш, да напишам своја верзија на „Шега со Станец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби таквиот негов однос со драмскиот текст ме наведе внимателно, мошне внимателно, да ги прочитам неговите дневни белешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овде не можам накусо да ги синтетизирам „Експликациите“ на различните уметнички постапки на Дишан по „Големото стакло“, на кои ме наведоа овие кодекси, бидејќи секоја од нив бараше поподробно излагање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На тоа особено ме наведе неговото прашање: „А, што рече?, кога јас ништо не реков, ниту пак одговорив на тоа прашање кое тој го продолжи со нем испитувачки поглед.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И тоа ме наведе на заклучокот дека или си професионален сликар, или не си.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Благодарен сум им и на обете групи на коментарите и критиките коишто ме наведоа да направам измени. 1.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Средбата со вас ме наведе да се почувствувам како патник којшто се загубил во земја во која никој не го зборува неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во една ветровита, дождлива есенска вечер, тагата за одминатото лето ме наведе да пробуричкам по полицата, каде што пред започнувањето на училиштето ја бев затурил мојата мила, дрвена шупелка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сето тоа поврзано со, до пред неколку часа, сонуваните кошмари, дефинитивно ме наведе да поверувам во тоа, па дури и толку да се убедам, што потоа ми беше „шубе” да го фатам предметот со рацете.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Чудна некоја обземеност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив, а до денес не сум го променил овој мој став: јас мислам дека бурата не е ништо друго туку забрзан начин на живеење на природата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност токму оваа помисла ме наведе да поверувам дека со моите заклучоци нешто не е вред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти веројатно ќе ме исмееш но јас сепак ќе ти спомнам еден мој важен заклучок, а на ваков заклучок ме наведе спомнатата бура.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вообразувањето или болката што ја предизвика исчезнувањето на Загорка Пеперутката ме наведе да ја споредувам со исчезнувањето на братучедот бидејќи и за нејзиното исчезнување не сме сигурни на кој начин и дали воопшто се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Дали ваквиот тек на размислувањето всушност посакува да ме наведе на заклучок дека и во случајот со исчезнувањето на Загорка Пеперутката ќе уследи сличен крај?)
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со истата брзина раката ќе ми избегаше пред оган; чија и да е смрт или повреда на истиот начин ќе ми ја одземеа силата; а имаше многу причини да се замрзнам, бидејќи, на пример, 118 okno.mk чувствував дека мојата сопствена смртоносна болест се придвижува; но ништо од тоа не можеше да ја предизвика одвратноста до којашто доведе тоа нејасно препознавање, а тоа е реакција на целата моја природа која го премавна моето разбирање и ме наведе да отстапам како пајак.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така, на пример, Хенри ме наведе да ја работам својата Death and Disaster серија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)