ме (зам.) - налути (гл.)

Ме налутија, вели Лазор. Те испијаниле. Не се испијанив, вели Лазор. Јас го добив облогот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе сториш сѐ да ме налутиш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ме налути кога видов дека, чепкајќи, ми го отшрафи задното светло, а тамам вчера конечно го однесов на мајстор да ми го монтира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, што можев. Бев немоќна да изреагирам така скриена во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку ме налути, што изеде убав ќотек со суровица. Ама сега ми вели дека ти си ја сакал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Врати се во торбата, зар можеш да ме налутиш па лошо ќе поминеш!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И престани со овие модерни теории оти многу ќе ме налутиш.“ подвикна газда Таки строго.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)