ме (зам.) - однесе (гл.)

Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веднаш ме кренал на раце и ме однел во инмпровизираната болница што беше сместена во училиштето.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го чекав автобусот што требаше да помине од тука и да ме однесе во Скопје. Да стигнам на погребот на вујко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Една вечер мене ми пукна слепото црево и итно ме однесоа во болница во Вспрем и уште истата вечер ме оперираа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Знаев дека наскоро ќе се лизнам и паднам, знаев дека моите црни чевли што ги купив за вечерта на Еди Бакс ќе ме предадат и ќе ме однесат доле, во Најт Таун.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Веќе дваесет и две години, секоја вечер тој сака да ме однесе... точно на полноќ... но и јас знам да се бранам... со дванаест чисти симфонии на цимбали, два катаракти за славеи... едно цело крдо фоки кои се горат на тивок оган... ете ти работа за ерген...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
“Го запознавме додека работеше како куќна помошничка кај Криси Шримптон”, ми кажа Ни­ки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ники Хаслам ме однесе кај неа на вечера во станот на Парк Авенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи, што повеќе гледам една иста работа, таа сѐ повеќе губи од значењето и ти се чувствуваш попразно и подобро. (...)Таа пролет 1963. ја запознав штотуку омажената дваесетидвегодишна убавица Џејн Холцер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- И така, нè растера таа проклетата, ме однесе мене дури преку Дунав, онаму, во Влашко, ако си чул, ме заробија, разбираш или не, како добиток не туркаа по возови и вагони, и најпосле не турнаа таму, пак како добиток, ме разбираш или не, во некакви огради од боцкав тел и... и еве го иде Бојан, нема време да ти раскажувам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И, така стана, мене ме однесоа во Битола, ме пееја оџи во џамија и ме прекрстија, ми ставија име Али Ахмед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прво работев на патишта за железница, додека ми траеше времето што бев погоден со компанијата што ме однесе, а после си работев на фабрика.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Очигледно таа не сакаше да ме види и да се поздрави со мене, ниту ми се понуди да ме однесе до аеродром.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Високата жена ми ја стегна главата во нејзиниот скут, потоа ми бакна чело и ме однесе до чешма да се измијам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вам лага, мене чиста вистина, ако не, коски да ми истинат, пцишта да ме искинат, орли да ме исколваат, вземи да ме закопат, да би да ме отрујат, далги да ме однесат, молњи да ме црносаат, гламји да ме гламјосаат...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како ќе дојдат луѓето од селото во тој голем студ да ме кренат со ковчегот и да ме однесат на гробишта...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со очи отечени, како сега, во три по полноќ од „фацебукот“, ме однесоа во полиција.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почекавме така, па после Јон го доведе магарето, ме седна в седелје, ме товари, ко подврзана вреќа и ме однесе дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со дланка се одбранив од капките светлост што ме удираа по очи. Со грб се залепив до ѕидот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каде е сега оној недозаклан бел коњ, мислев, да ме однесе во длабочините на црногорицата над нашето село?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Слушај Срцка, овие брези ме однесоа кон брезите на нашиот заеднички поетски идол Есенин. И тој под брезите ги давал ветувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веќе три дни не ми доаѓа ништо од далечината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да му речам на Луис Марија: „Да се земеме и да ме однесеш во Будимпешта, на еден мост каде што има снег и некој“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ме одврза и ме однесе кај кандилото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеби правам грешка. Сепак, ќе оставам судбината да ме однесе по правиот пат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, јас знам дека ќе се врати. ќе дојде, ќе ме земе со себе и ќе ме однесе засекогаш. ќе ме оттргне од пустелијата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали раскинувањето со бившото момче ме однесе во ваква нервоза.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можев да ги движам само прстите и беспомошно да трепкам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И заспав. Ноќта стана море. Ме однесе далеку на меки бранови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ако си решил малку по малку, твојата љубов да ја снемува... ќе ме снемува и мене, дел по дел од мене ќе умира... како ветар ќе минуваш низ мојот живот, и ќе ме однесеш до безживотниот брег, и таму тивко ќе ме снема во бескрајот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога студирав во Скопје еден пријател ме однесе на едно вакво модно дефиле, ова ми беше втор пат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, дојдоа годините на пубертет, на младешките преокупации, ветровите на животот ме однесоа во други насоки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За сефте и добредојде, ме однесоа кај некои непознати луѓе (сега многу блиски пријатели).
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
„... Седнав јас во тој автобусот да одам прво до Велес, а после во Велес да го фатам камионот од Битола со боровинки да ме однесе до Врање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ами лели едно ме видоа и на име ми рекоа и ме однесоа дома, та ме нагостија и многу ме честија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Утредента чупите ме зедоа за раце и ме однесоа в дуќан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секој си имаше парченце меѓу куќите, роткви, салати и дури патлиџани... и лозје!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој самиот ме однесе во клозетот... Повраќав уште долго... Ми се враќаше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа ме потсетуваше на мојата марула...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А еден ден кога минував по патот ме фати одненадеж чуварот и ме однесе кај претседателот на задругата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Туку ела да ти кажам нешто пријателски, насамо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Сотони, сотони, поарно в ковчег на гробишта да ме однесете!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му кажав на Гил дека не можам да дишам и тој ме однесе кај докторот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вие сте посилен од мене и во подобра кондиција и поубав и помлад и подобро сте облечени. DD ПТ: Ви се допадна ли забавата на отворањето на Tunnel? DD ЕВ: Веќе бев еднаш пред тоа. DD ПТ: Мислите на шеесетите години? DD ЕВ: (се смее) Не, менаџерот или некој друг ме однесе таму неколку дена пред настанот. DD ПТ: Имаше голема посета на изложбата на Клај Олденбург. DD ЕВ: Изгледаше среќен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И којзнае кај ќе ме однесе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои велат да ме однесат во Врвник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првин ме сместија во болницата на Црвениот крст, но, кога ја видоа раната, ме однесоа во воената болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Тајшед ме слегоа. Од станица — на камион, — ме однесоа на крајот од градот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа може в заби да ме земе и кај сака да ме однесе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш мене ми пукна слепото црево, и ме однесоа в болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме однесоа во школото, во командата на Германците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Најдете кола и да ме однесете кај него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утредента ме качија на коњ и ме однесоа в град, на лекар.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
САРА: Кога јас, господине Андреевиќ, би се однесувала онака како што вие од мене очекувате да се однесувам вие, прво, не би биле овде и, второ, би немале теоретски шанси да ме однесете в кревет.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На крај татко ми ме однесе на доктор, а тој ја извади со пинцета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми под итно ме однесе на лекар во Кавадарци, а кога ме виде лекарот почна да го кара татко ми, ми даде инјекција, некои лекови и упат за во Скопје.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Баба ми ми го чула гласот детски, писклив како на некое пиле рането, ми пријде, ме крена и пак ме однесе на гумното да си играме со Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ме крена и ме однесе на гумното каде што игравме со другарка ми Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не дозволува никој да и го допре тој нејзин „свет”, а секој предмет има своја приказна или историја, со која е поврзан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме однесе до нејзиниот „свет”, така таа го нарекува сребрениот послужавник врз кој има наредено безброј мали и необични предмети што ги има донесено од разни страни на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа потреба за блискост, внимание и љубов, да се почувствувам згрижена од некого, ме однесе во рацете на Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Првото излегување во дискотеката Елемент во која ме однесе постарата сестра која студираше таму, ми вдахна посебна љубов, специјално за ноќниот живот во тој град.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На негова желба ме однесоа дома и продолжија кон психијатарската клиника.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Виде едно шарено маченце и си помисли: „Мачето да се претвори во кротко коњче и да ме однесе дома!“ Но мачето си остана - маче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)